ке побарам слики од внатрешноста ама изгледа тие отидоа во алеата на славните со хардискот...
што се однесува д билансот... колава ме кошташе околу 1350 евра, 4,5 месеци работа а ја продадов за... пола... ќар до гуша... ќарот е занимацијата, а тоа е тоа што некои поединци на форумов неможат да го сватат... се гледаат низ ПРОФИТ, ИНТЕРЕС, ИСПЛАТЛИВОСТ, ФАЈДЕ, ЌАР, навидум успех во финансиите...
можноста да перам мозок и да се оттргнам од секојдневието чепкајки низ кола е прајслес... да имам проект, да си олеснам од монотоното секојдневие... тоа е мојот профит и интерес уште од старт знаев дека нема фајде со овој роскоп а не го ни барав... тоа што го барав го добив... понекогаш е тоа возење со педал до метал, ама во последно време тоа е се поретко, затоа што ионака многу возам...
и сите ние си имаме нешто за што плескаме пари без размислување... ги собираш, ги штекаш и ке ги истресеш на нешто што на друг го оставаш со миљон прашалници на глава... некој за ливчиња у кладилница, некој на флипери, некој ке даде баснословна сума за компјутер, друг па ке тресне 300-400 евра за квалитетни слушалки, некој пак има цел плакар патики дома, има и такви зависни од игри било на плејстејшн било на пц... е мене ми е ова... АВТОМОБИЛИЗМОТ...
сеуште не ви е јасно господа газди и бизнисмени, кои имаат профит и од серење?