вака сега... не ме деморализираше никој. серење по форуми не е нова работа... да се деморализирав така лесно, уште пред 6 месеци кога почнав да го средувам југово ке се откажев до сега, а не сега кога сумво финалето на ситниците и пимпањата...
југото комплетно го РЕСТАВРИРАВ... значи не е за во отпад и не е крш, туку досега инвестирав преку 1350 евриња и затоа не тресете зелени да го фрлам во отпад, да го продадам и слично.. возилото е направено по фабрички терк ЗА ЛИЧНО МОЈ ЌЕИФ. а сите знаете дека ќејфовите коштаат и се плаќаат. сакам да имам парче историја во фабричка постава... убацив во него и паркинг сензори, му избушив и вградив и серво кочница... мислам дека тоа југо 45 од тоа годиште, е прво со серво кочница.. од 55-ка ја извадив и ја монтирав серво пумпата а клипови, шепи и пумпа заедно со се цревата купив ганц нови и тоа во крагуевац бев да ги купам за да не бидам излажан со копии или репарации... на граната (читај граничето под карбуратор) сеуште има место за уште 2 дизни т.е. една бензинска и една плинска(ѓе биде густо ама може да се сместат). и сеуште не сум го решил проблемот за сигналот на дизната.. значи протокот на горивото кон дизната ке се решава со регулатор од притисок т.е. класичен регулационен вентил, според пумпата колку бутка гориво. тоа е по прашањето за мапирањето колку милисекунди да биде отворена дизната кога отвара... мегутоа сигналот кога да отвори, по моите математики се поклопува со фрлањето на искрата од платина или бомбина...
барав некој да каже солуција електронски да се реши. има електроничари на формов колку што знам, а и немора да си електроничар ако имаш идеја вреди да се проба.. не се плашам од експерименти. на пример како кај плинскиот уред индуктивно плинот прима сигнал од кабелот на бомбината. значи некоја електроника што ке ја чита преку индукција од кабелот и ке пушта сигнал од 5 до 12 волти кога да отвара дизната...
не ми беше поентата да мењам мотор туку постоечкиот оригинален да го преработам, со оглед на тоа дека моторот го извадив од југо што стоеше барем 15 години и пред очи ми беше... го купив од комшијата за да му го земам моторот само... ок, и седиштата ги зедов од тоа југо... значи моторот е во перверзно добра состојба, пред воопшто да го удрам на клуч, го наполнив со нафта и го оставив 24 саати на клипови да биде полн... знаете понатака што и како иде (кј знае знае, кој не ке научи) после целиот третман, запали како сега да сум го изгасил..
значи... има ли некој чаре или решење некакво па макар и на идеа само за решавање на сигналот на дизната?