е.. баш ова.. го имав и го продадов.. додуша го купив во еден момент онака ми дојде, направив сообраќајка со бубата и бев буквално без превозно средство никакво, а сред работна сезона... 300 евра го зедов, го возев цели 10 дена, додека ми дојде другото возило, го паркирав, го огласив за продавање и го продадов за 750 евра. амито беше исто вакво, т.е. и во ваква кондиција како ова.. нигде чешнато, нигде гребнато, средено, од прв газда го купив, старо 32 години во тој момент. стариот го продаде пошто му се качил шекерот многу (имал траги од крв во шекерот
) и често знаел да падне во несвест па од страв да не му се деси тоа зад волан... кога бев да го земам, жена му со плачење не испрати, прва и последна кола за нив двајца... ЕЕЕЕ КОГА БЕВМЕ МЛАДИ, ЦЕЛА ЈАДРАНСА РИВИЕРА СМЕ ЈА ИСШЕТАЛЕ СО КОЛАВА... абе чувана, мазена, пазена... до тој степен, да речеме иде до пазар зимно време да купи нешто, се враќа дома и ја пере со црево одоздола за да ја симне солта од колата, да не ја гризе... гаражирана кола цели 32 години... во гаража од прв ден... абе скоро нова...
затоа кога ја огласив, ме нападнаа еден куп луге по телефон... во тој момент не ни знаев дека постои Ц2 клуб кај нас, тоа да ти се јавиле сите членови.. првиот што дојде ја зема колата одма... имал он и 2 спачека, 2-3 дијани и уште едно ами 8 во роскоп верзија.. ова џек пот му дојде... типот работи во инфо биро... по фаца му се гледа дека е хипи чоек.. и он ми објаснуваше како на времето со дијана и цигла на гас тсваена во 2-ра брзина иделе 4-ца во кола со гитари и нозе низ прозор... доживљај било тоа... сме иделе до охрд за 6 саати.. ама тоа и било поентата, да се дружат зад волан а не да стигнат во охрид... во денешно време ние коли ке искршиме само побрзо да стигнеме... ама тоа биле други времиња...
се изнамуабетив, ама ме понесе приказнава.. се замислувам во нивно време нивно место па уживам... сум фатил дел од тоа време... ми фали тоа време, носталгичен сум по мир, спокојство и вистинска дружба.. нешто што денес го нема воопшто.. помладите генерации немаат појма дека постоело такво нешто и затоа со потсмев реагираат на ваков муабет, најчесто...