Здраво дечки, незнаев баш во која тема да го пишам ова, ако треба после нека го преместат админите. Не планирав ама на мисла сум да го продавам мојот автомобил (Голф 5, бензинец/плин 1,6) и ми треба ваше мислење за цената што би ја формирал. Одиме по ред. Имам две причини поради кои би се решил да ја продавам и тоа: Сопругата кај и да е, здравје, ќе положи уште некој ден за градска и не и одговара баш колата (како за иден почетник) и сакам да ослободам некое евро, затоа што сме у план да зимаме поголем стан и сигурно ќе ми затребаат овие средства. Ги гледав огласите на Пазар 3 и Реклама 5 и цените се движат измеѓу 5000 и 6500 е, мада нема баш ист случај (кола) како мојата (мислам сите карактеристики и додатно едно друго). Сега да ја претставам колата:
Се работи за Голф 5 1,6 Спортлине бензинец (плин од Плимонт од пред 2 и кусур години), 102 КС, произв октомври 2004, а прва регистрација мислам декември 2004. Колата е купена у тогашно Sа & Sa, денешно Порше Македонија и е редовно сервисирано, прво у Порше, а после у овластениот сервис на VW во Куманово, Де Лукс Куманово, до денешен ден. Ги имам сите фактури и фискални, од првиот до последниот сервис. Колата има поминато 136 500 км, а кај мене е од кога имаше 70 000 км. Во овластениот сервис одев и за помали работи, како менување антифриз, сијалички (малку забегано) ама сакав се да биде како што треба. За колата имам два сета на гуми. На фабрички VW 16" алуминиумски имам летни Dunlop SportBluresponse 205/55/16, а моментално е на челични бандажи 15" со зимски Continental TS 850 195/65/15. Акумулатор Energizer под гаранција уште една година, пред месец дена сменети задни плочки, ставени АТЕ (пишав за тоа на форумот) и она што го има секој ваков модел:
- автоматска двозонска клима, клима сервисирана пред месец дена (кај Цеко) и работи без никаков проблем
- кожен трокрак волан и рачна
- спортски (фабрички) седишта
- и да не ги редам сите детали што ги има секој модел
Следен сервис (мал) треба да се прави за едно 6 000 км, а до големиот има уште 50 000 км. Регистрирана до крај на фебруар 2017.
Колата има ситни гребнатинки по каросеријата и предниот браник е фарбан пред едно 4 години (татко ми при излегување го изгреба убаво од фасада на зграда).
Гледајќи ги цените како се движат, а имајќи во обзир дека за овие увезените коли (кои се малку поефтини) треба одма да се прави голем сервис и се со богтизнае колку километража, треба да се регистрираат и др трошоци, во обзир сакав да ги земам „домашните“ коли. Јас мислам дека околу 6 000 е (евро погоре подоле) е некоја реална цена. Она што ме пишмани за продавање е тоа што знам каква кола возам и како ја имам чувано и одржувано, а ако ја продадам би земал нешто помало (гледам една Opel Corsa 1,2), заради причините кои што ги наведов погоре.
Што мислите вие?