Џонтра фала за предлогот, ќе треба во банка да одам во понеделник, да видам што „рекет“ ќе ми бараат, па ќе решам тогаш што ќе правам...Спенсер што знам за цената што ја спомна, само во гуми, бандажи и плин се најмалку 1500 евра, плус не мора голем сервис да се прави (како што „би“ требало за колите од увоз), ниту пак мал сервис сега за сега,...
Колата по највисока теоретска цена можеш да ја продадеш веднаш, само на некој твој пријател, кој те следел како ја одржуваш, кој знае навистина колку си вложил и како си ја возел.
Бидејќи денес сите огласи се „искрени“, се продаваат „уникатни“ коли, се продаваат коли со „сервисни книшки“, твојата кола со највисока цена само ќе биде прескокната, без разлика колку е добра.
Ако сакаш сега, одма да го уновчиш Голфот, треба да го огласиш на ниво - или малку под просечната цена. Ако сакаш да го продадеш Голфот по највисоката цена, спреми се да причекаш доста долго време.