Не е моја желба, но и јас мислам дека ќе остане тој тренд и дека сите нормални коли ќе бидат заменети со SUV верзии од истите, како побарани и покупувани. Моментално сите сакаат што е можно попрактични возила, а SUV моделите без проблем се качуваат на повисоки ивичњаци, влегуваат во понезгодни катни гаражи и подобро се справуваат со возење на неасфалтиран пат со бразди (а како што се зголемува и трендот за Outdoor активности ова станува и битен фактор). Плус потребата за покажување кој седи повисоко.
Пример за тоа дека сите сакаат што е можно попрактични возила е почестото укинување на купе модели и верзии со три врати, а сега најново и големи седани (прво Хонда Акорд, сега Тојота Авенсис).
SUV Automatic е иднината.