Nishto, Golf e toa, ne se rasipuva
Edit: Kako sakash nekoj od ovde da ti kazhe shto se treba da se smeni ? Odnesi ja kolata vo servis na koj shto mu veruvash, tie ke ti kazat ima li na prednica neshto ili ne, ke gi vidat filtrite za vozduh i polen, mislm toj na lance beshe motor ke go vidat i toa itn ...
Не сакам да ја носам во официјалниот сервис затоа што сум крајно разочаран од нивната услуга, со какви ситни измами се служеа иако од нив ја земав колата како половна не мислам никогаш веќе да им ја оставам, поверојатно ќе е да ми остане уште без некој дел отколку да ја направат, големо разочарување за овластен сервис.
Инаку фала на сите за советите веројатно и така ќе ја однесам кај приватен мајсторот кај кој ја севисирав и минатата кола да видам што ќе каже.
Каиш ако има тогаш тој.
Свеќици нови.
Задни чаури за виљушки сигурно се скинати веќе. (ДА СЕ ПОДМАЧКА СО СИЛИКОНСКА МАСТ! инаку ќе квичи и ќе вади звуци)
Гумици на баланс-штангла и тие може да се јабана. (ДА СЕ ПОДМАЧКА СО СИЛИКОНСКА МАСТ! инаку ќе квичи и ќе вади звуци)
Пакни напред и дискови, ако викаш не се сменети. (ДА СЕ ПОДМАЧКА СО БАКАРНА МАСТ! инаку ќе квичи и ќе вади звуци)
Назад ако се дикови исто како напред, ако се добоши само папучи да се сменат.
Антифриз да се провери до колку оди во минус и дали е нивото океј.
Гумите да се види колку имаат милиметри шара и дали се за мењање.
Резерва сијалички земи си комплетче зошто цркаат средните H7 и задните позиции и кочници.
Резерва осигурачи едно комплетче за во фиоката исто.
Да се види прскалките за вода да не се бигоросани и да се става исклучиво средство за миење шофершајбна, а не вода од чешма со бигор.
И спремен за наредни 100к.