Јас пошто живеам у непосредна близина ќе ти кажам од прва рака. Денес ми се разубави денот кога видов ваква убавина, лепота! Секоја чест на тие што се сетија, мада можеше да им текне и порано.
Практично режимот е вратен на стариот принцип од пред неколку години.
Вклучување од Петровец кон Скопје се врши после патарината со што се заобиколува и не се плаќа.
Исклучување од Скопје кон Петровец пред патарината.
Вклучување од Петровец кон Велес се врши пред патарина со што се поминува низ неа и се плаќа.
Исклучување од Велес кон Петровец после патарината.
Последниве неколку години со желба да се искрадат пари се смени режимот во:
Вклучување од Петровец кон Скопје се вршеше пред патарина со што се поминуваше низ неа и се плаќаше.
Исклучување од Скопје кон Петровец после патарина.
Вклучување од Петровец кон Велес се вршеше после патарина со што се заобиколуваше и не се плаќаше.
Исклучување од Велес кон Петровец пред патарина.
Желбата за искрадување пари не им се исполни затоа што кај Идризово имаш исклучување и сите камиони кои одат во правец Скопје-Велес се исклучуваа таму па повторно се вклучуваа на Петровец и бесплатно продолжуваа кон Велес. И покрај милион знаци дека е забрането за камиони тие си поминуваа и се ствараше ненормална гужва, НИКОГАШ полицијата наша мочана нема казнето ниту еден камион. А денес беше калакурница.
Велешки и други инострански возила доаѓаа до приклучокот ама кога видоа дека има банкина ставено, си се враќаа назад (еееј за 30 денари) и си продолжија накај Катланово со надеж дека таму ќе се уклучат за без пари. Арно ама тој приклучок како што знам го затвориле, па освен тоа што ќе си ги искршат колите, ќе мора пак да се вратат и да си платат.