Не се паѓа по несвест воопшто по сувови тоа е целата работа, туку хејтерите дигаат непотребна галама. Кај си прочитал дека некој што купил СУВ да се курчи по форуми како он знае а ние другите што возиме коли сме глупи? Или малце е обратна ситуацијата? Или па имате трауми некој со х5 ви се убутал пред вас без жмигавец. Значи, да го тргнеме субјективното на страна. Јебига, и мене ми смета што гледам млади и стари теткици што немаат појма од автомобили, а возат Порше Кајен ама неможам да го хејтам џипот, јебига.
Во врска со твоето прашање, треба да бидеш многу по-конкретен. За каков сув се работи, каков мотор. На пример Тојота Рав-4 хибрид е СУВ а загадува помалце од 99.9% од возниот парк во Македонија.
Фактот што го опиша за СУВ и дешаванките дека повеќе сметаш, па било тешко за паркирање, па си препрека за другите итн. истите тие работи важат и за комбенца, фургони, шлепери, автобуси. На крај краева тој што вози сув плаќа повеќе осигурување, данок, регистрација, гумите се поскапи итн.