Појдовме со Tom1ica до Мида на Blue Friday, да повозиме. Возевме до наплатна Тетово и назад рута, јас ја возев новата Фиеста одбрав 1.5тдци со 85 коња. Избегавам да бидам пристрасен али возилово има неверојатен напредок прво во поглед на звучна изолација, второ во користени материјали внатре, али изолацијата беше она што ме фасцинираше. Дизел, кола од таа класа, така да спие, така да е тишина внатре и при поголеми брзини, така глатко да круза и да вози, страшна работа. Навистина. Многу поинакво седење од изминатите модели, некако самата позиција на волан, самиот поглед напред е поразличен. Овој модел беше Титаниум со све значи внатре. Ја пробавме и опцијата што те враќа во лента, има да местиш колку агресивно да те враќа

, Пробавме и лимитер на брзина, веќе видено океј ништо посебно, го наместив на 75, кога ќе стиснеш појако гас поагресивно се деактивира и цепаш. Немав време доволно да се изнауживам и да осетам се убаво. Респект кон ова возило кое НЕМА конкуренција во класата. Мислев дека сум во некоја лимузина сериозно. Дизајнот, релативна работа, вкусови, признавам дека напред изгледа малку чудно али ете. Просечна и моментална потрошувачка во градски услови на возење и беше смешна, некои си 4 кома нешто не запамтив.




Го искомбиниравме времето со Томе еден после друг да возиме па потоа зедовме Куга, 2.0тдци 4x4, исто до наплатна Тетово по пола возевме, малку побучно од Фиестата, Аутоматик 6 брзини, убав SUV стабилен, го цапнав докај 165км/х ии девојчето до мене овој пат за разлика од момакот од Фиеста кој викаше пуна брат! нормално како жена рече да намалам и викам ајде океј викам да не ти правам стресови нема смисла

Му требаат уште коњи, јако забрзува ама уште уште, аутоматикот глатко и смут шалташе, цапни го ги пуни до 3100 некаде мења, се снаоѓаше солидно. Пауершифт немав возено досега. Али не ме импресионира до толку како Фиестата можеби и дека не очекував премногу од неа затоа. Прекрасна прегледност на пат има Кугата, не си онака премногу високо како комбе тамам е и има доста добар хендлинг како за сув.