Прво вакво нешто во МК?
со ваква изведба и начин, да, прво е... не со двете расплињачи туку со пумпата и концептот на циркулација..
и како што кажа луки, пумпава е од дизел возила, и тоа на фолксваген за да може да му работи парното а воедно и загревањето на моторот да биде побрзо...
патем речено, доста во нови возила почна да се појавува оваква или слична варијација на пумпа.. на пример во рено 19, ја имаше (на француските модели само) како додаток на хладњакот, ако ја изгасиш колата, а има температура на која перката треба да врти т.е. да лади.. тогаш автоматски се вклучува пумпата додека да подизлади... а варијацијата за греењето во дизелите, први се фолксваген кои ја употребуваат оваа пумпа за да има греење во кабината...
одма после мене, и мојот тест, уште едно возило со 2 расплињачи доби пумпа на истите, збориме за ауди А8, 3.0 мотор, си ја плати 260 евра човекот, но доби прекрасни резултати.. прво побрзо загревање на расплињачите, појако парно и верувале или не намалена потрошња за околу 45 до 50% на плин... т.е. потполно истите ефекти како што и јас ги добив кај мене...
Се си функционира најнормално и парно и температура.
да се кладиме дека парното не ти е ок? како и кај повеќето корисници што не приметуваат дека не е во ред парното кога имаат монтирано плински уред.. да оно дува топло, ама ако сакаш, имам ласерски пиштол за мерење температура, да ти покажам и докажам дека немаш повеќе од 50 степени на хладњачето, што апсолутно не е доволно за да функционира онака како што треба. поготово за греењето на задните патници... проверено до сега на преку 50-тина возила... минимална потребна температура за едно современо (комплицирано) греење во кабината да функционира е 75 степени на течноста...
и инвалид со исечена нога и протеза на нога ќе оди, ама дали е тоа правилно одење? а да трча може ли? тоа е таа правилна аналогија...