Ајде, да кажеме дека парите не се проблем. Имате гаража со место за 10 автомобили. Кои ќе бидат автомобилите во вашата гаража од соништата?
Моите (без посебен редослед)
1. Citroen DSDS e безвременски автомобил. Преполн со нова технологија кога се појавил. Можеби нај-кул возило направено во историјата на автомобилите.
2. Nissan GTR R34Кулминација на јапонските чудовишта. R35 е понов, помоќен и побрз, но ја изгуби поентата.
3. Aston Martin V12 Vanquish SАстоните никогаш не биле совршени автомобили за возење, но скоро секогаш биле можеби најубавите автомобили за гледање, и се одлични гранд турери.
4. Koenigsegg AgeraНе е ни најбрза, ни најдобро склопена.. Но мора да го почитувате сонот на еден ќелав Швеѓанец.
5. 1969 Ford Mustang Mach 1Дефиниција за Muscle Car. Крај.
6. Jaguar E-Type V12Едно од најубавите возила направени во историјата на автомобилизмот.
7. Mitsubishi Lancer EVO VII (-IX)EVO моделите отсекогаш заслужувале почит. Но според мене, EVO X е премногу агресивен.
8. Porsche 911 (993) TurboЗошто баш 993 серијата? Не знам. Порано повеќе ми се свиѓаше 996 серијата, но со време ги замразев фаровите, а 997 серијата тек сега почнува стварно да ми се свиѓа.
9. Lamborghini MiuraПрвиот автомобил кој на времето беше наречен Supercar.
10. Alfa Romeo 156 GTA SportwagonИма многу модели на Alfa Romeo кои заслужуваат почит, но 156-ката е Алфата во која се заљубив на прв поглед. Зошто Спортвагон изведба? Што знам, каравани скоро по дефиниција се кул.