Ганерализацијата "машки свет" беше употребена како метафора за форумот.
Во суштина генерализации и групации на сите во куп, без разлика за која целна група и да станува збор, не е основана. Еве, ти си жив пример (gOJDO) дека не припаѓаш во ниедна "група", се издвои со твојата реплика во вид на филозофска мисла. За разлика од тебе (и уште два тројца) ретко кој друг би бил импресиониран од вака широко, сеопфатно појаснување на нештата.
И да продолжиме понатаму...
Целта на собирот е дружбата, која за секој поединечно е уникатна приказна: некој оди да се прошета, некој да ве запознае, некој да свтри мевце на ражен, некој за...поим немам што.
Да скратам - "одете во природа ради природата не ради ракијата" компаративно кажано со суштинско значење од следново: "Не пијте додека возите!"
А тоа дека алкохолот е стимуланс, несомнено е така, но тоа дека го подобрува расположението има основа, но нема доказ бидејки расположението може да ти биде на највисоко ниво и без стимулансот наречен алкохол. А секојдневните проблеми ништо не ги решава освен самиот ти
Дадичките во црвено беа спомнати како реплика на сликата подоле во форумов без намера дека баш на тој ден некој треба да ги конзумира. Последователно на тоа беа спомнати и црвените маички како реплика на тоа дека постојат само машки маички со натпис carclub.mk
Да завршам...
Се надевам дека овој пат не ме сфативте толку сериозно како до сега, иако коментаров е напишан во сериозна форма, во секој случај гледам дека тешко се прифака член од женски род или пак може до мене да е проблемот Се надевам дека не е до мене проблемот
А да делот со автомобилите...И затоа сме сите членови на форумов... и сите сакаме маичкииии
Благодарам на сеопфатниот одговор
Ги појасни нештата...
Прво, извини што целиот мој претходен пост го насочив кон тебе. Дел беше наменет и за други членови.
Второ, комуникацијата со пишување е малку комплицирана бидејќи една иста реченица може да биде прочитана и сватена на многу различни начини. Па така, јас твојот коментар околу чудниот свет на машките го интерпретирав како колективно јавно ругање на машкиот род, па како маже се најдов погоден.
Но мислам дека сега се дообјаснивме.
Инаку делот со пиењето се однесуваше на некои воодушевувачки коментари "Јее ќе се начукаме, матер ќе си е*еме". А таквите ликови ги избегавам на маса.
Ти како женски член мислам дека си одлично прифатена, а ако не се лажам ти си или девојка или сопруга на некое маже од форумов. Па без оглед на се по дифолт почитта спрема тебе е и почит кон твојата по-автомобилска половина.
Конкретно за собирот, сакам да ги земам жена ми и малиот, само се плашам дека малиот ќе подивее додека да стигнеме. Па така, дури и да донесам домашна или ќе и дадам на жена ми да вози за назад или ќе пијам со инсаф.
Што се однесува до маичките,
овде имаше тема за нив. Меѓу другото можеше да се порача и црвена маичка.
Како и да е, се глеаме во сабота.