Монтирани Phillips Whitevision Н7 кратки, долги и w5w позиција. Не успеав да сликам споредбa со претходниве јбг.
Првични субјективни импресии:
Не се бели како што се претставени на кутијата. Тоа ми одговара, мислам дека се идеална температура за халогенка без лупа (3700к) односно не бодат очи и не им сметаат на останатите. Не се жути ко обичните ама и далеку се од бели.
Средните светат многу поинтензивно. Со претходните сијалички фаровите ми беа наместени на највисоко, сега се на средина, повисоко нема потреба затоа што предизвикуваат само-заслепување во одредени ситуации (ниско поставени знаци, високо поставени регистарски таблици на возилото пред мене итн).
Долгите светат многу поинтензивно и подалеку од претходните, исто со висината, на највисоко доаѓа до само-заслепување од големи знаци (автопат).
Вклучените позициони сијалички се иста боја/температура како и главните и тоа е плус.
Се на се задоволен сум првично. За долготрајност ќе видиме.