Искрено било кои што можеш да ги купиш во бензиска, или некој друг дуќан за авто делови ќе ти завршат работа. Моментално имам Philips X-treme Vision и сум доста задоволен а исто така сум користел и сум презадоволен (дури и повеќе од филипсов) од Osram night breaker unlimited. Овие сијалици се негде 1200 денари пар, траат малку пократко од други сијалички (мое искуство е околу 2 години), меѓутоа се врвот. Во мојот ум повеќето сијалички над 300-400 денари се задоволителни.
Би ти дал еден совет, многу... АМА МНОГУ голема разлика прави самото куќиште, колку е чиста и продзирна предната пластика од фарот, ако е и барем малку замаглена или изгребана прави значителна разлика во светлина. Од лично искуство ти зборувам.
Читав дека Osram Night Breaker Unlimited и Philips X-tremeVision траат премногу кратко, што е за очекување со оглед на тоа колку се "оптоварени".
Според Osram, Night Breaker Unlimited би требало да траат најмалку 150 часа или нешто повеќе од 6 дена, додека според Philips, X-tremeVision траат 450 часа или скоро 19 дена, што е драстична разлика и е некако премногу оптимистички. 1200 денари за пар сијалици не е баш најдобра инвестиција со оглед на тоа што ќе треба да ги менуваш на неколку месеци. Во твојот случај, 2 години не се малку, ама животниот век сепак зависи и од тоа колку километри поминуваш на годишно ниво. Можеби би ризикувал доколку ги најдам на попуст.
Дали постои официјален увозник на Osram или Philips сијалици кај нас и каде најчесто купувате сијалици за автомобил од овие два бренда?