Гранде пунто (а и пунто ни кец ни два) нема проблеми со инсталацијата. Проблемот е изборот на сијалици. Јас користев Osram Silverstar на стилото, одлична светлина, краток век на траење. По 2-3 пати годишно менував (кај стило е макотрпен процес промената на сијалички). А цена - изгор!
Потоа свртев на Нарва, тие потрајаа 1 година со солидно светло. Јас за една година поминувам околу 20.000км, претежно градска вожња, така да многу саати светење. Изгледа треба да се бираат Osram NightBraker plus, кои даваат одлична светлина и на нив е означено дека имаат „еxtra long life". BTW, на Osram сијаличките, на самата кутија е означено колку траат во однос на стандардни, а по онлајн каталози може да се сретнат сите податоци, како јачина во лумени и очекуван лајфтајм во работни часови.
BTW, еве го
каталогот на ОСРАМ, тука има детални податоци за секоја сијаличка.