Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 383317 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2325 на: 21 Јуни 2024, 19:48:22 pm »
Ништо од тоа пошто 6 месеци едвај траат...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

И едните и другите толку траат, само Најтбрејкер поубаво светло даваат, поготово во предизвикувачки услови (дожд). 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2326 на: 21 Јуни 2024, 20:58:01 pm »
Ништо од тоа пошто 6 месеци едвај траат...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

И едните и другите толку траат, само Најтбрејкер поубаво светло даваат, поготово во предизвикувачки услови (дожд).
Да да, не се исплатат за парите... Нека зима ледои

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2327 на: 22 Јуни 2024, 00:35:37 am »
Големо разочарување ми е ова што го слушам од вас ако е навистина така, бидејќи бев навистина возбуден околу тоа да си наместам поубави светла.
Ако навистина траат по 6-7 месеци навистина не се исплати за парите. За лед светла сум скептичен бидејќи оригиналните светла се халогени и не сакам грешки да ми се појавуваат на контролната табла. Исто така страв ми е дека некои лед светла можат да ми ги стопат пластиките/самите фасонки и да ми направат поголема штета па да дојде ситуација фар да треба да менувам.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2328 на: 22 Јуни 2024, 11:40:41 am »
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2329 на: 22 Јуни 2024, 17:27:33 pm »
Големо разочарување ми е ова што го слушам од вас ако е навистина така, бидејќи бев навистина возбуден околу тоа да си наместам поубави светла.
Ако навистина траат по 6-7 месеци навистина не се исплати за парите. За лед светла сум скептичен бидејќи оригиналните светла се халогени и не сакам грешки да ми се појавуваат на контролната табла. Исто така страв ми е дека некои лед светла можат да ми ги стопат пластиките/самите фасонки и да ми направат поголема штета па да дојде ситуација фар да треба да менувам.

Во какво возило сакаш да ги ставиш? Има дневни светла (DRL) или возиш со соборени светла преку ден? Ако возиш со DRL преку ден, тогаш кратките ќе ти траат и подолго бидејќи ќе ги користиш само ноќе. Мене Osram Nightbreaker ми издржаа околу 6 месеци, а Philips Whitevision (кога возев со DRL преку ден) скоро 18 месеци. После тоа престанав да се замарам и ставав обични Osram H7 од бензинска кои траеја со години. :)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2330 на: 22 Јуни 2024, 19:02:39 pm »

Во Opel Insignia. Инаку со DRL возам преку ден и другите се активираат само при затемнетост, да. Моментално користам најобични Philips и Osram и траат со години, ама мислев да ставам нешто друго за покул изглед

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2331 на: 22 Јуни 2024, 19:14:00 pm »
Има проектори или не?

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2332 на: 22 Јуни 2024, 20:03:54 pm »
Има проектори или не?

Не се разбирам многу од фарови, но мислам дека не.

Во прилог слики од тоа како изгледаат

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2333 на: 22 Јуни 2024, 20:15:09 pm »
Не, немаат проектори. Стави си Philips WhiteVision чим имаш DRL, би требало да потраат повеќе од 6 месеци.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2334 на: 22 Јуни 2024, 20:56:56 pm »
Тука ги имаш сите сијалици.
https://bulbfacts.com/halogen-bulbs/chart/
Види си кои имаат највеќе зголемување. Мислам дека се OSRAM Night Breaker 200.

Пази конкретно моделот треба да се бара, зошто како што гледаш мала разлика во името може да има голема разлика во перформанси.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2335 на: 23 Јуни 2024, 13:26:58 pm »
обично читав рецензии на самите страни од производителите и тоа ме попали, но сега после читање на стотици коментари од форуми и рецензии на амазон и ибеј мислам дека нема да фрлам пари за ништо вакво и ќе си терам со сијачичките кои ги имам.. едноставно од проста причина бидејќи не вредат толку, сите и nightbreaker и cool blue и останата класа тврдат од 6-8 месеци ништо повеќе што ми е премалку, а и cool blue не биле баш синкасти како што ги рекламираат.. така да целосно сум разочаран и изгледа ќе терам со жолти халогенки освен ако не налетам на нешто што ќе трае подолго, бидејќи не сум спремен само за изглед да намалам толку многу на времетраење

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2336 на: 23 Јуни 2024, 14:06:30 pm »
Користев на претходната кола NightBreaker и CoolBlue. Искрено, CoolBlue се малку побели, ама снопот им е драстично послаб од NightBreaker.

Проблем е трајноста, да, ама јас лично да требит да се префрлам на халогенки, со задоволство би плаќал NightBreaker, подобро светло без лупа немам видено. Исто, јас ги терав по 7-8 месеци ама ги возев константно, без дневни светла (DRL). Ако имаш DRL, а викаш дека имаш, би требало да трает подолго.

На крај краева, земи еден пар, пробај ги. Ако си задоволен со трајноста, купувај пак, ако не, врати си се на поефтини сијалички.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2337 на: 23 Јуни 2024, 21:54:49 pm »
Користев на претходната кола NightBreaker и CoolBlue. Искрено, CoolBlue се малку побели, ама снопот им е драстично послаб од NightBreaker.

Проблем е трајноста, да, ама јас лично да требит да се префрлам на халогенки, со задоволство би плаќал NightBreaker, подобро светло без лупа немам видено. Исто, јас ги терав по 7-8 месеци ама ги возев константно, без дневни светла (DRL). Ако имаш DRL, а викаш дека имаш, би требало да трает подолго.

На крај краева, земи еден пар, пробај ги. Ако си задоволен со трајноста, купувај пак, ако не, врати си се на поефтини сијалички.

во право си, може да се проба вака една тура па зависно како ќе се покажат така и во иднина

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2338 на: 10 Јули 2024, 23:37:04 pm »
момци,едно прашање,сега сум на халогенки без лупи, возилото е алфа 147,зедов osram h7 led но неможам да ги монтирам...

проблемот е што ламбите заедно со вентилаторот се поприлично големи по димензија па така неможам да го затворам фарот со онаа капачка што е за прашина,влага...

како да го решам проблемот,дали да ги сечам тие капачки,да возам без нив,да барам други подлабоки што може да ги собери ламбите...ваше мислење?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #2339 на: 11 Јули 2024, 00:20:49 am »
Истото и кај мене на бравото, не ги собираше докрај Х1 ледови, капачката не можев убаво да ја затворам и поради тоа ми се изместуваа сијалиците, ниту можев да ги наштелувам бидејки удираа странично внатре кога подесував лево десно, ниту нешто бев wow задоволен од светлината.

Си се вратив на стандард халогенка Х1 од 200 денари сијаличка и тоа е тоа.