Прво и основно, честитки за членот на изборот на рационално и пристојно ново возило со солидно количество на опрема и солидна моторизација

Многу безгрижни километри и убави патувања

Второ (или за работите да бидат појасни, да се надоврзам на „тупењето“ на
@zlatkoa):
Проекторот и сферното огледало во уред дизајниран да работи на халогена сијалица не е димензиониран да функционира на интензитетот на светлина и количината на емитиран светлосен сноп што ја дава ксенон сијалицата.
Сферичното (призма) огледалото е поспецифично, поради зависноста на брановата должина на светлосниот зрак и прекршувањето - проекторот не „пати“ од тие проблеми. Количината на светлина - нема никаква врска.
Најчесто светлосниот уред кој што е конвертиран од халоген на ксенон брзо се оштетува, сферното огледало се заматува и ја губи рефлектирачката способност, а леќата ја губи провидноста.
Зошто би се случувало тоа?! Ако е топлината, Халогена 55W и Xenon 55W, што мислиш која зрачи помалку топлина и која побрзо ќе ја оштети леќата? Ако е до UV зрачњето, треба да си глуп при конверзија да избереш нешто што има поголема „топлина“ од 5000 келвини.
Снопот од ксенонска сијалица што на почетокот изгледа одлично и супер , после 3-4 години резултира со "матен" сноп на светлина кој што не се проектира прецизно на патот, преставува проблем за останатите учесници во сообраќајот.
Моите сознанија (ненаучни додуша, ама како и овие прочитаниве до сеа) е дека квалитетот на снопот после 3-4 години многу повеќе зависи од квалитетот на изработката на светлосниот уред, отколку дали ксенон си брцнал во халогена (или некад и обратно поради ефтиноќа).
Општо познато е дека Valeo Ксенон сетовите масовно фабрички вградувани во првата декада на овој век, за к*р не ги бива! 5 години, фрли го во канта!
Кој имал халоген фар од AL (Automotive Lighting Reutlingen GmbH) исто во периодот од 2000-2010, со свеќи поарно гледа ноќе...
Санирањето на таквиот дефект значи најчесто, менување на фаровите со нови, или демонтажа на сите елементи од фарот и санација на елементите еден по еден.
Точно. После санација брцни (саглам) ксенон кит, раат ќе бидеш наредни пет години

Добар број од возилата кои што се конвертирани од халогени на ксенон сијалички, имаат проблем со баластите кои што ги хранат ксенон сијалиците. Најчесто прегоруваат и можат да предизвикаат пожар, или ги прегоруваат ксенон сијалиците кои се скапи. Во случај ако пукне ксенон сијалицата во фарот заради лош напон или лоша монтажа и одржување, фарот е неупотреблив.
Цена на cheapass mofos кај нас. Има ксенон конверзии кои што се поскапи од нови халоген фарови комплет. Кај нив квалитетот доаѓа до израз.
Се случува и халогено сијаличе да пукне во фар, нема последици по снопо (како што нема и со со ксенон), ама е PiA да се исчисти како што треба.
Возилата кои што имаат ксенон светла, од фабрика излегуваат со жироскопси сензор на задната оска кој што автоматски ги нивелира светлата во зависност од наклонот на возилото во однос на средна попречна оска. Автоматската нивелација на ксенон светлата е пропишано со посебни прописи заради тоа што возилата кои што имаат светлосни уреди кои што емитираат висок интензитет на светлина мораат да имаат прецизно позициониран светлосен сноп. Една од причините заради која што е донесен прописот за автоматска нивелација е токму заслепувањето на другите учесници во сообраќајот кои што имаат проблем со "кокошкино слепило". Откако некој ќе ги ослепи со непрописно нивелирани ксенон светла, особено во ноќен период во места каде што има слаба хоризонтална сигнализација, возачите возат до 30 секунди без целосен увид на патот пред себе.
Европското правило е дека возила кои што имаат фарови со појака светлина од 3200LM мора да имаат нивелација и перење на фаровите.
Во денешно време, смислија ФАБРИЧКИ ксенони од 25W и околу 3100-3200LM кои влагаат во категоријата на фарови за кои не е потребно нивелација и перење на фарови. Најчесто, се нудат двете варијанти „сакаш cheapass xenon 25W за доплата од 300-400е, или сакаш фул аутолевелинг, ем вошинг за 1000е“, што за мене е многу прифатливо. На запаТ ако успееш да најдеш E-рејтид Xenon сијалички (со помалку од 3200LM), може да поминеш MOT или TUV (ова сигурно ги исфрла од игра 35W и 55W афтермаркет ксеноните). BTW, сензор за нивелација има И на предната оска, не само на задната (мора да се одреди прецизна разлика во аголот на возилото во однос на тлото, а не само колку е „клекната“ позади).
Мојот совет е да се користи халогена сијалица во уред кој што е димензиониран да работи на халогена сијалица. Секоја конверзија на Ксенон или Лед светла е лошо за останатите учесници во сообраќајот, го намалува животниот циклус на светлосниот уред и предивикува трошоци кои што најчесто не се баш евтини.
Се согласувам со советот, но не се согласувам со втората реченица. Не секоја, но секоја „селска“ конверзија е лоша, а да погодиш асална конверзија е финансиски прилично неисплатливо (или нерационално.
Ако се слаби нормалните халогенки, може да користиш халогенки со појак светлосен сноп. Овие сијалички даваат подобро осветлување, но имаат значително помал животен век од обичната халогена сијалица.
Ако имате желба да возите "ксенон" на возилото конвертирајте го целосно со фарови наменети за ксенон светло, систем за нивелација на светлата, систем за миење на ксенон светлата. Тоа ќе ве чини значително повеќе отколку да монтирате "добро кинеско ксенонче" кај локалниот мајстор кој што шитка и монтира "ксенонче".
Постојат и добри китови за конверзија на халоген фар во ксенон (Моримото на пример) ама проблемот со "горење" на сферата позади рефлекторот е повторно присутен.
LED сијлици во фар наменет за халогена сијалица не се дозволени на ниво на ЕУ и ниту една ЛЕД сијалица произведена од Осрам, Филипс или било кој реномиран производител нема ECE сертификат и се забранети за користење во сообраќај.
Заклучок:
Ако сте купиле возило со халогени фарови, возете си го со добри халогени сијалици.
Се согласувам, и би додал: Ако сакате ксенон - do it right! Не наоѓајте шорткати.