Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 478712 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1545 на: 01 Јуни 2019, 21:04:14 pm »
https://www.aliexpress.com/item/hlxg-Mini-H4-Led-H7-with-Lumileds-ZES-5000K-LED-12000LM-72W-set-Lampada-H1-Bulb/32879637855.html?spm=2114.search0104.3.16.633a55caw4HxrV&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_2_10065_10068_319_10059_10884_317_10887_10696_321_322_10084_453_10083_454_10103_10618_10307_537_536,searchweb201603_52,ppcSwitch_0&algo_expid=fe43242d-f06d-4664-9a83-287500fb031c-5&algo_pvid=fe43242d-f06d-4664-9a83-287500fb031c&transAbTest=ae803_3

Гледам веќе имаат и кинезите некои сијалички со помали ледови на нив, некој тест за некои од нив има?
Имаат novsight рецимо има и други. Поокеј се од тие порано со ултратиња сноп. Општо Лед нема некој хотспот за далечина секогаш зошто нема surface brightness доволен самиот лед чип.

Ладењето е попроблематично и од тоа цркаат реално ледови. Зависи за што ќе ги користиш, за долги ќе траат 100 години или додека не цркне некое делче од електрониката, ама за средни е попипаво зошто долго се бара да работат секогаш. Ама па за средни имаш хид

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1546 на: 06 Јуни 2019, 11:27:26 am »
Да не ја трујам темава за новата Инсигнија

 
Една од причините заради која што е донесен прописот за автоматска нивелација е токму заслепувањето на другите учесници во сообраќајот кои што имаат проблем со "кокошкино слепило". Откако некој ќе ги ослепи со непрописно нивелирани ксенон светла, особено во ноќен период во места каде што има слаба хоризонтална сигнализација, возачите возат до 30 секунди без целосен увид на патот пред себе.




Заклучок:
Ако сте купиле возило со халогени фарови, возете си го со добри халогени сијалици.



Токму проблемот со слепилото делумно го имам јас, и затоа избегавам да возам навечер, не затоа што моите светла се слаби туку затоа што дел од другите учесници се себични и ги боли цеф дали заслепуваат или не.
Сметам дека треба да има дебели казни за тунериве со кинески и несоодветни ксенони.

Во Косово имав ситуација кога на дождливо време на магистрален пат скроз застанав зошто ништо не гледав од чудни ксенони кој возае од спротива.

И за крај убаво е пишано ако имаш фар за халогена вози халогена да муам, ако не гледаш добро опали долго светло, што мора да се прават чудни модификации.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7123
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1547 на: 06 Јуни 2019, 11:35:46 am »
Се би држело место доколу тој што секому препорачува ксенон ремап спуштање итн итн го претстави своето возило кое што нема да е основен модел со опрема за комерцијалисти.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3345
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1548 на: 06 Јуни 2019, 11:53:44 am »
Да не ја трујам темава за новата Инсигнија

 
Една од причините заради која што е донесен прописот за автоматска нивелација е токму заслепувањето на другите учесници во сообраќајот кои што имаат проблем со "кокошкино слепило". Откако некој ќе ги ослепи со непрописно нивелирани ксенон светла, особено во ноќен период во места каде што има слаба хоризонтална сигнализација, возачите возат до 30 секунди без целосен увид на патот пред себе.




Заклучок:
Ако сте купиле возило со халогени фарови, возете си го со добри халогени сијалици.



Токму проблемот со слепилото делумно го имам јас, и затоа избегавам да возам навечер, не затоа што моите светла се слаби туку затоа што дел од другите учесници се себични и ги боли цеф дали заслепуваат или не.
Сметам дека треба да има дебели казни за тунериве со кинески и несоодветни ксенони.

Во Косово имав ситуација кога на дождливо време на магистрален пат скроз застанав зошто ништо не гледав од чудни ксенони кој возае од спротива.

И за крај убаво е пишано ако имаш фар за халогена вози халогена да муам, ако не гледаш добро опали долго светло, што мора да се прават чудни модификации.

Јас користам Philips X-Treme Vision 130% на моето возило и светлината е солидна, и сијалиците се релативно издржливи. Веќе 2 години ги возам.

Проблемот со користење на ксенон во халоген фар е повеќе во дефектниот ментален склоп кој што го имаме како нација. Сите ги гледаат "придобивките" од ксенонот од аспект на себичност и психолошка сатсифакција дека "колата ми има ксенон и многу ми е јака" и "кога возам ноќе не ми требаат дугачки, со средно светло ми е како ден".
Во отсуство на аргументирана дебата на проблематиката, поединците кои што пропагираат "ксенонче" се повеќебројни од аргументите зашто не треба да се прави конверзија. И нормално во таков амбиент на глорификација на гестот на конверзија на халоген во ксенон имаш џанк информации кој што ги чита некој кој што нема познавања од областа и доаѓа до заклучок дека мора да нарача ксенонче од Али експрес. Затоа што така пишува на интернет. И после истиот поединец кој што ставил ксенон го вози на кола затоа што дал пари за него и штета е да го фрли, и во меѓувреме ќе смета во сообраќај и ќе се јача пред комшии и роднини дека ксенон е светска работа.


А да и после некоја година, истот ксенон ентузијаст ќе се зачлени на форумов и ќе бара чаре за изгорени фарови.

И ние ќе му даваме линкови од огласи и видеа како да го растуриш фарот и да го репарираш.

И така.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1549 на: 06 Јуни 2019, 11:59:03 am »
Мене на голфот веќе трета година фабричките халогенки ми светат, мислам дека се уште се како нови одлично осветлување имаат навечер. Ќе видиме колку ќе издржат. Мене барем ми е најбитна работа да се издржливи зошто иако менувањето не е голем проблем, сепак е трошење време и нерви. Знам на меганот порано кога менував после тоа 2 недели прстите ме болеа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1550 на: 06 Јуни 2019, 19:05:24 pm »
Прво и основно, честитки за членот на изборот на рационално и пристојно ново возило со солидно количество на опрема и солидна моторизација :) Многу безгрижни километри и убави патувања :)

Второ (или за работите да бидат појасни, да се надоврзам на „тупењето“ на @zlatkoa):
Проекторот и сферното огледало во уред дизајниран да работи на халогена сијалица не е димензиониран да функционира на интензитетот на светлина и количината на емитиран светлосен сноп што ја дава ксенон сијалицата.
 

Сферичното (призма) огледалото е поспецифично, поради зависноста на брановата должина на светлосниот зрак и прекршувањето - проекторот не „пати“ од тие проблеми. Количината на светлина - нема никаква врска.

Цитат
Најчесто светлосниот уред кој што е конвертиран од халоген на ксенон брзо се оштетува, сферното огледало се заматува и ја губи рефлектирачката способност, а леќата ја губи провидноста.
Зошто би се случувало тоа?! Ако е топлината, Халогена 55W и Xenon 55W, што мислиш која зрачи помалку топлина и која побрзо ќе ја оштети леќата? Ако е до UV зрачњето, треба да си глуп при конверзија да избереш нешто што има поголема „топлина“ од 5000 келвини.

Цитат
Снопот од ксенонска сијалица што на почетокот изгледа одлично и супер , после 3-4 години резултира со "матен" сноп на светлина кој што не се проектира прецизно на патот, преставува проблем за останатите учесници во сообраќајот.


Моите сознанија (ненаучни додуша, ама како и овие прочитаниве до сеа) е дека квалитетот на снопот после 3-4 години многу повеќе зависи од квалитетот на изработката на светлосниот уред, отколку дали ксенон си брцнал во халогена (или некад и обратно поради ефтиноќа).
Општо познато е дека Valeo Ксенон сетовите масовно фабрички вградувани во првата декада на овој век, за к*р не ги бива! 5 години, фрли го во канта!
Кој имал халоген фар од AL (Automotive Lighting Reutlingen GmbH) исто во периодот од 2000-2010, со свеќи поарно гледа ноќе...

Цитат
Санирањето на таквиот дефект значи најчесто, менување на фаровите со нови, или демонтажа на сите елементи од фарот и санација на елементите еден по еден.
Точно. После санација брцни (саглам) ксенон кит, раат ќе бидеш наредни пет години ;)

Цитат
Добар број од возилата кои што се конвертирани од халогени на ксенон сијалички, имаат проблем со баластите кои што ги хранат ксенон сијалиците. Најчесто прегоруваат и можат да предизвикаат пожар, или ги прегоруваат ксенон сијалиците кои се скапи. Во случај ако пукне ксенон сијалицата во фарот заради лош напон или лоша монтажа и одржување, фарот е неупотреблив.
Цена на cheapass mofos кај нас. Има ксенон конверзии кои што се поскапи од нови халоген фарови комплет. Кај нив квалитетот доаѓа до израз.
Се случува и халогено сијаличе да пукне во фар, нема последици по снопо (како што нема и со со ксенон), ама е PiA да се исчисти како што треба.


Цитат

Возилата кои што имаат ксенон светла, од фабрика излегуваат со жироскопси сензор на задната оска кој што автоматски ги нивелира светлата во зависност од наклонот на возилото во однос на средна попречна оска. Автоматската нивелација на ксенон светлата е пропишано со посебни прописи заради тоа што возилата кои што имаат светлосни уреди кои што емитираат висок интензитет на светлина мораат да имаат прецизно позициониран светлосен сноп. Една од причините заради која што е донесен прописот за автоматска нивелација е токму заслепувањето на другите учесници во сообраќајот кои што имаат проблем со "кокошкино слепило". Откако некој ќе ги ослепи со непрописно нивелирани ксенон светла, особено во ноќен период во места каде што има слаба хоризонтална сигнализација, возачите возат до 30 секунди без целосен увид на патот пред себе.
Европското правило е дека возила кои што имаат фарови со појака светлина од 3200LM мора да имаат нивелација и перење на фаровите.
Во денешно време, смислија ФАБРИЧКИ ксенони од 25W и околу 3100-3200LM кои влагаат во категоријата на фарови за кои не е потребно нивелација и перење на фарови. Најчесто,  се нудат двете варијанти „сакаш cheapass xenon 25W за доплата од 300-400е, или сакаш фул аутолевелинг, ем вошинг за 1000е“, што за мене е многу прифатливо. На запаТ ако успееш да најдеш E-рејтид Xenon сијалички (со помалку од 3200LM), може да поминеш MOT или TUV (ова сигурно ги исфрла од игра 35W и 55W афтермаркет ксеноните). BTW, сензор за нивелација има И на предната оска, не само на задната (мора да се одреди прецизна разлика во аголот на возилото во однос на тлото, а не само колку е „клекната“ позади).

Цитат
Мојот совет е да се користи халогена сијалица во уред кој што е димензиониран да работи на халогена сијалица. Секоја конверзија на Ксенон или Лед светла е лошо за останатите учесници во сообраќајот, го намалува животниот циклус на светлосниот уред и предивикува трошоци кои што најчесто не се баш евтини.
Се согласувам со советот, но не се согласувам со втората реченица. Не секоја, но секоја „селска“ конверзија е лоша, а да погодиш асална конверзија е финансиски прилично неисплатливо (или нерационално.

Цитат
Ако се слаби нормалните халогенки, може да користиш халогенки со појак светлосен сноп. Овие сијалички даваат подобро осветлување, но имаат значително помал животен век од обичната халогена сијалица.

Ако имате желба да возите "ксенон" на возилото конвертирајте го целосно со фарови наменети за ксенон светло, систем за нивелација на светлата, систем за миење на ксенон светлата. Тоа ќе ве чини значително повеќе отколку да монтирате "добро кинеско ксенонче" кај локалниот мајстор кој што шитка и монтира "ксенонче".

Постојат и добри китови за конверзија на халоген фар во ксенон (Моримото на пример) ама проблемот со "горење" на сферата позади рефлекторот е повторно присутен.

LED сијлици во фар наменет за халогена сијалица не се дозволени на ниво на ЕУ и ниту една ЛЕД сијалица произведена од Осрам, Филипс или било кој реномиран производител нема ECE сертификат и се забранети за користење во сообраќај.


Заклучок:
Ако сте купиле возило со халогени фарови, возете си го со добри халогени сијалици.

Се согласувам, и би додал: Ако сакате ксенон - do it right! Не наоѓајте шорткати.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1551 на: 06 Јуни 2019, 20:58:43 pm »
US $27.50  50%OFF | 2x  LED Philips Chips 80W 8000LM H4 H7 H11 9005 9006 Headlight Kit H/L Beam Bulbs 6000K For Audi BMW Toyato VW
https://s.click.aliexpress.com/e/cKCUlmsu

Јас вакви возам веќе 3-та година, презадоволен. Philips Z ES
Единствена маана, на голф 5 грешка ми јавуваше на борд, ама се решава со плус кабле т.е error canceller. Од тие пазете error canc... , тоа бакарното ќе ми ги стопеше жиците, па го прицврстив да не допира никаде. :)

Јаки се ептен, прават ден. А друго, морав да ги спуштам в земја, се со ред ми блиндираше :P
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1552 на: 06 Јуни 2019, 21:57:49 pm »
Дај слика каква линија прават да видиме. Штета што се 6000к би размислил да ги порачам.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1553 на: 06 Јуни 2019, 23:13:31 pm »
Дај слика каква линија прават да видиме. Штета што се 6000к би размислил да ги порачам.
Ќе постирам утре слика. Ако се 6000к добар спектар на бои има. Не е како ефтиниве лед, неонка.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1554 на: 15 Јуни 2019, 15:36:26 pm »
Кенгури, ај предложете H1 и H7 квалитетни сијалици ама со синкасто светло за Голфот и Фордот. И двата се сребрени, двата имаат ЛЕД LDR, па нешто да ги заличи така навечер.
Филипс, Усрам, или некој друг квалитетен бренд.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1555 на: 15 Јуни 2019, 15:50:41 pm »
https://www.bulbfacts.com/halogen-bulbs/chart/

Имаш келвини.


OSRAM
Night Breaker Unlimited  3700к

И


OSRAM
Cool Blue Intense 3800к

Се најпристојни со добра моќност и не се до толку помаранџести, туку само жолти.

За плавкасто нема халоген, само Лед и Хид.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1556 на: 15 Јуни 2019, 16:31:48 pm »
https://www.bulbfacts.com/halogen-bulbs/chart/

Имаш келвини.


OSRAM
Night Breaker Unlimited  3700к

И


OSRAM
Cool Blue Intense 3800к

Се најпристојни со добра моќност и не се до толку помаранџести, туку само жолти.

За плавкасто нема халоген, само Лед и Хид.

Мислам дека ми требаат Кул блу интенс. Да се само бели ми одговара, да бидат исто како DLR.
Каде ги има? Би земал прво за Фолксвагенот, па ако ме бендисуваат би земал за Фордот. Јебига, пре би експериментирал со Фолксваген него со Форт :D

Најтбрејкер имав на Спаркот порано, не траеа долго, максимум 9 месеци, ама светеа у пи**у ********.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3070
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1557 на: 15 Јуни 2019, 16:50:50 pm »
Види има во карбокс промоција на филипс, може ќе те бендисаат некои.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1558 на: 15 Јуни 2019, 16:52:49 pm »
Види има во карбокс промоција на филипс, може ќе те бендисаат некои.

Кои беа Карбокс? Каде се наоѓаат?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1559 на: 15 Јуни 2019, 17:16:57 pm »
Карбокс е доле во Сити Мол, на паркингот.

Sирни и Philips WhiteVision, јас имав такви во Голфот, добри беа. Истераа скоро 2 години.

H1 не зимај, и така ретко користиш дугачки, само H7-ци смени.

Едит: Гледам Osram NightBreaker Unlimited имаат подобри перформанси. Земи ги тие.