Левиот фар почна да ми свети благо љубичасто, па претпоставувам дека кај и да е, ќе рикне сијаличката?
Со оглед на тоа дека е би-ксенон, дали да пробувам сам да мењам, или да одам у сервис? Во мануелот вика "consult a workshop", а инструкции за замена има само за жмигавци, магленки и светла за вртење.
По нетов најдов видеа за замена и заменски сијалици, ама се некои HIR2, кои би рекол дека се обични халогенки (и по изглед, и по цена), не се ксенон. Од конфигураторот на Осрам, најдов дека кај мене се HID D3S.
Успут, Osram, Philips, Narva или некои други?