Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 383588 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6750
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1215 на: 16 Декември 2017, 09:31:55 am »
Јас ги гледав пред некој месец на ebay.de, дупло се поевтини од кај нас, ме премислија поради краток век на траење. Сега возам со тие што дојдоа на колата, не давам по 2000ден за светилки ко шо бев глуп едно време. Кога ќе излезе лед одобрен од TUV Dekra, autobild, и останати паметни луѓе ќе си стаам лед, до тогаш обични.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1216 на: 16 Декември 2017, 09:37:29 am »
Јас ги гледав пред некој месец на ebay.de, дупло се поевтини од кај нас, ме премислија поради краток век на траење. Сега возам со тие што дојдоа на колата, не давам по 2000ден за светилки ко шо бев глуп едно време. Кога ќе излезе лед одобрен од TUV Dekra, autobild, и останати паметни луѓе ќе си стаам лед, до тогаш обични.

Ако си за ECE рејтед ксенони, тогаш маш ваква опција: https://www.rstyle-lights.fr/xenon-25w-voiture-auto-ballast-homologue-route-feux-phares-2000-lumens-ece-48/kit-xenon-voiture-h7-h7r-25w-hid-blanc-6000k-ballast-anti-erreur-canbus-feux-phares.html

Јас ја разгледував, ама се мислам дали да одам на ОЕМ Bixenon фарови/лупи или на овие. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6750
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1217 на: 16 Декември 2017, 09:45:35 am »
Мислам дека има излезено некои лед што се од германциве одобрени, следвава година најверојатно ќе има добар лед производ. Шала на страна, јас се ладам по темиве ама најмалку што сакам е некому да пречам со светла. На тиграта ставив ксенон затоа што фабричките беа многу слаби и со краток домет, сега исто имаат краток домет и не пречат никому ама тој фар има лупа. Се додека не прегори една светилка не размислувам за нови, може само тие што светат во кривина да ги променам со лед за почеток.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6750
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1218 на: 16 Декември 2017, 10:11:20 am »
Пост под пост ќе биде. Ова ми се гледа интересно и мислам дека нема да пречи на останатите

https://www.adac.de/infotestrat/technik-und-zubehoer/licht/lichttechniken/default.aspx?ComponentId=308391&SourcePageId=8749&quer=led-lampen






Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1219 на: 16 Декември 2017, 10:29:18 am »
Пост под пост ќе биде. Ова ми се гледа интересно и мислам дека нема да пречи на останатите

https://www.adac.de/infotestrat/technik-und-zubehoer/licht/lichttechniken/default.aspx?ComponentId=308391&SourcePageId=8749&quer=led-lampen


Дечкото од тест лаб е добар. И баш фино може да се согледа дали дава плус или минус од халогените. И дали смета. Во проектори видеата испаѓаше дека понакогаш и се скрадува дометот. А во рефлектори е подобар од халогена ама може да смета. Така да пипаво е. И јас ги гледав филипсов како некоја најдобра лед алтернатива која најмалку би сметала. Ама можда има и подобри.

Адаков не спомнале воопшто за пречење на други.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6750
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1220 на: 16 Декември 2017, 10:30:37 am »
Сега за сега е прескапо

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1221 на: 28 Декември 2017, 00:29:50 am »
Знам дека некаде беше дискутирано претходно, барав по темава ама или не се снајдов или не успеав да најдам. Како и да е, може ли некој да објасни дали светлата на возилата придонесуваат за зголемена потрошувачка на гориво или воопшто не влијаат на потрошувачката. Знам дека имаше поделени мислења околу ова, некои студии правени ама не можев да најдам ништо. Ми требаат било какви издржани докази, линкови од студии од релевантни институции или било што.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17508
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1222 на: 28 Декември 2017, 00:36:33 am »
Знам дека некаде беше дискутирано претходно, барав по темава ама или не се снајдов или не успеав да најдам. Како и да е, може ли некој да објасни дали светлата на возилата придонесуваат за зголемена потрошувачка на гориво или воопшто не влијаат на потрошувачката. Знам дека имаше поделени мислења околу ова, некои студии правени ама не можев да најдам ништо. Ми требаат било какви издржани докази, линкови од студии од релевантни институции или било што.

https://auto.howstuffworks.com/fuel-efficiency/fuel-economy/drl-gas-consumption1.htm

Мислам дека во оваа статија (на 2ра и 3та страница) ќе најдеш тврдења со линкови и извори.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1223 на: 30 Декември 2017, 13:31:48 pm »
Се има ли некој од вас разминато со кола што користи лед? Да каже искуство, ја мислам дека е бетер од кинескиот ксенон
Кинески ксенон е подобро од матиз.

Лед е полошо од матиз. Многу полошо.
Зборење на памет? Си пробал, воопшто? Сум видел (читај, од близина) на над стотици коли како светат, многу разлики имало од фар до фар, кај некои сметаат исто како ксенонот (читај, ништо полошо), додека кај некои светлината ја проектираат исто како и халогените сијалици. Пази ова (сигурно не си го знаел), кај дел во оние што сметале, со подесување на диодите се средило.

Марче и јас се приклучувам кон прашањето на Дени.

Кажи друже саглам лед за сферичен рефлектор без лупа макар и миљон евра да се.

Не треба објаснување што како, јасна ми е фотодинамиката, само линк дај или бренд, или ако имаш на лагер кажуј.
Злате зборам за оние што јас ги продавам, но како што му пишав на членов погоре, има разлики од фар до фар, треба да се проба (доколку на прво местење не ја проектираат светлината како што треба, се пробува со подесување на LED-от.

Но, нека се знае, не успева сегде.

@marchesk пошто од кај тебе ги земав лед-от h7 летово, ги пробав еднаш и еве така собираат прашина у гаража, ќе те замолам (може и пп) да ми покажеш како се подесува лед-от за да проектираат светлина барем слична на халогените сијалици, дека така ми стојат, нема шо да им правам.

Отсутен srgjan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1224 на: 03 Јануари 2018, 20:27:05 pm »
 Ќе ве замолам да ми каже некој каков тип на сијалици од овие Н7 Н4 има мојата кола.Се работи за рено меган 2007 редизајн.Прашувам пошто сакам да земам од овие лед сијалици да пробам.Ако може и некој совет од некој што има користено лед.Благодарам

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1225 на: 03 Јануари 2018, 20:31:45 pm »
H7
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1226 на: 03 Јануари 2018, 20:36:16 pm »
Ќе ве замолам да ми каже некој каков тип на сијалици од овие Н7 Н4 има мојата кола.Се работи за рено меган 2007 редизајн.Прашувам пошто сакам да земам од овие лед сијалици да пробам.Ако може и некој совет од некој што има користено лед.Благодарам
Кратко Н7
Долго Н1

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk


Отсутен srgjan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1227 на: 03 Јануари 2018, 20:44:58 pm »
Фала многу.А како сте задоволни од лед сијалициве пошто немам видено до сега.А гледав некој филипс по нетов и баш ми паднаа во око.

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 273
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1228 на: 05 Јануари 2018, 21:42:20 pm »
Што мислите за оние ЛЕД сијалици што ги рекламираат на фб од маташоп 1700 ги бива или поќе штетат ?

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1229 на: 06 Јануари 2018, 12:48:51 pm »
Него да прашам ја нешто, пошто ноќно време сум како љиљак, случајно додека бев у дог секјурити за сосем друга работа, ми спомна дечкото дека леќите или незнам што ми се изгорени и затоа сум имал катастрофално светло.

И затоа возам со  магленки, топ се гледа со нив...

Е сеа видов дека се штелуваат светлата, јас само тоа од внатре го знаев дека постои, али и со кренати скроз ми се катастрофа.

Кај да идам да ми ги проверат и евентуално да се наштелуваат или ако се леќите изгорени да се оправат или мора нов фар?