Користев на претходната кола NightBreaker и CoolBlue. Искрено, CoolBlue се малку побели, ама снопот им е драстично послаб од NightBreaker.
Проблем е трајноста, да, ама јас лично да требит да се префрлам на халогенки, со задоволство би плаќал NightBreaker, подобро светло без лупа немам видено. Исто, јас ги терав по 7-8 месеци ама ги возев константно, без дневни светла (DRL). Ако имаш DRL, а викаш дека имаш, би требало да трает подолго.
На крај краева, земи еден пар, пробај ги. Ако си задоволен со трајноста, купувај пак, ако не, врати си се на поефтини сијалички.