Ајде да ставам нешто од Кефалонија од претходниот викенд што бев, со кола 4-ца и импресии:
- 3 ноќи во Миниа 10мин до главниот град, низ Ласи поминувавме, уште 2 ноќи во Порос, 1 ноќ лефкада
- патиштата се бетер од Лефкада, потесни, со камења, и благо речено опасни некои делови без заштитна ограда и лизнати земјишта, пошто е и поголем остров возење колку сакаш, многу планини и стрмни искачувања, просечна брзина за 6 дена 36км/ч... потрошувачка, градска.
- храната е тука некаде во цената зависно од местото ама босилек колку што ставаат то чудо, душата да ти смрди, ама фала богу имаш еден лидл и видов два АБ маркети
- плажи имаш секакви, на отворено море, во заливи, со камења, со песок, плитки, длабоки, диви, организирани, нема шанси да не си погодиш на душата
- претежно италијанци и англичани ама ништо диво, се е мирно, нема нешто забави, барем ние не бевме на една...
Фериброд од Нидри до Фискардо

Миртос, џоа најубавата плажа, ама кога се разбранува од едни алги се направе еден период како пролив некој да го фате вморе.


Имаше мачиња, а и по некој стар мачорок

Мене лично Петани ми беше така најубава, со ситни камчиња како сусам, лежиш како на песок а се тресат лесно

Аргостоли плоштад

Скала, малку стрмна плажа, темен песок

Антисамос, многу чиста вода, и украсни рипки идеа тука во плиткото, имаше многу луѓе со наочари и цефка,



Порос, сместување со поглед на пристаниште, вртеше и од закинтос уште еден фериброд, србите тука ги сместуваа со автобусите.

Порос, тоа што се гледа, тоа е тоа што се добива, тука е се, по некој ресторан, маркет, сувенири, и десно мала плажичка

Емблиси Фискардо плажата, мешана од ситни до поголеми камења

Асос, не бев, немавме време

Патот до главниот град околу високо над крајбрежје

Тесни патишта, слепи кривини

Послаби бои од лефкада

Кочијата, 540км на островот истера

Заклучок, убав интересен остров, би се вратил пак меѓутоа премногу острови има грција за да се повторуваме...
Исто така бев и на Лоурдата плажата, ништо посебно, а и на Макрис Гиалос, тука најповеќе гужва, убава ситна песочна плажа со благ наклон се гледаа авиони како полетуваа, меѓутоа имаше уште една до аеродромот каде слетуваат точно над главата, само тоа ми е мака што не појдов до неа.