Sto stori be coek?
Бев на свадба кај другар, и тргнавме по невестата. И пред да се отвори вратата, ми пукна Ахилова тетива. И не се сеќавам дали ја видов невестата кога вратата се отвори

Неколку дена пред свадбата беше многу интензивно и напорно на работа. По 12 часа стоење, клекни, стани, буткај, запнувај, скали итн итн.
И дента дошол моментот за поштување. Се подигнав на прсти и осетив како некој да ми падна од позади врз нога. Мислев дека ми ја скрши некој ногата.
Уствари пукна тетивата.
Денес правам точно цели 4 недели во гипсанава чизма, без да можам да го превиткам коленото и стапалото.
Во понеделник одам да ми го скратат гипсот до под колено. Ке ми стават и нов, а стапалото од 120 ке го доведат во 90 степени агол. И во најдобар случај уште две недели гипсот, во најлош уште 4.
Па со господ напред

После физикална 3 недели, и би требало да научам да одам повторно...
Ужассс....

Од играчка плачка во права смисла на зборот.