Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1282128 пати)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4830 на: 28 Март 2017, 10:55:55 am »
Мој совет ти е booking.com јас не би одел со МК агенции, секој пат кога резервирам - лошо искуство имам.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4831 на: 28 Март 2017, 11:41:43 am »
Важно е апартманот да не е одма до главниот пат. Зошто целиот сообраќај од островот поминува по патот и ќе ти пречи при спиење. Зборувам за кружниот пат кој поминува околу цел остров.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4832 на: 28 Март 2017, 11:43:26 am »
Калитеа лани имаше добри понуди.
Ако не, Сивири.
Преубаво си поминав 2015.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4833 на: 28 Март 2017, 12:05:57 pm »
каква калитеа за тие пари си наоѓам смештај на Тенерифе и со разликата Ryan/Wizz ;)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7025
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4834 на: 28 Март 2017, 12:45:52 pm »
Важно е апартманот да не е одма до главниот пат. Зошто целиот сообраќај од островот поминува по патот и ќе ти пречи при спиење. Зборувам за кружниот пат кој поминува околу цел остров.

Данке Дени, ќе го имам тоа на ум.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4835 на: 28 Март 2017, 13:41:48 pm »
каква калитеа за тие пари си наоѓам смештај на Тенерифе и со разликата Ryan/Wizz ;)

За кои пари?
Лани имаше понуди од 30 -40 евра од ноќ.
45 до 50 со смештај на сама плажа.
..али јас секогаш одам крај на Август или почеток на Септември.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4836 на: 28 Март 2017, 15:41:56 pm »
Калитеа лани имаше добри понуди.
Ако не, Сивири.
Преубаво си поминав 2015.

Од 10 Јуни па натака и јас сум у Сивири... местото е одлично за со деца и за полнење батерии... Частам гирици и пиво ако се погодиме со некој клабер таму ...

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4837 на: 28 Март 2017, 16:04:28 pm »
Мене Сивири ми е најубаво место на прв крак арно ама веќе од неколку луѓе добив мислење дека водата таму мирисала на фекалии а некои од тие луѓе ми го кажаа тоа додека бев таму со нив. Јас неколку години имам идено и во сезона и ван сезона и немам приметено такво нешто досега. Е сега или е до мене и сум отрнал на смрдеа од гомна (ЈБГ професионална деформација) или луѓето ги преувеличуваат тие работи.
Зини да ти кажу.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4838 на: 28 Март 2017, 21:59:38 pm »
каква калитеа за тие пари си наоѓам смештај на Тенерифе и со разликата Ryan/Wizz ;)

За кои пари?
Лани имаше понуди од 30 -40 евра од ноќ.
45 до 50 со смештај на сама плажа.
..али јас секогаш одам крај на Август или почеток на Септември.

не ги можам грчките студиа, со креветите и телевизор во ќошот на собата за 50 евра на уште на краците

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7025
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4839 на: 28 Март 2017, 22:01:29 pm »
каква калитеа за тие пари си наоѓам смештај на Тенерифе и со разликата Ryan/Wizz ;)

За кои пари?
Лани имаше понуди од 30 -40 евра од ноќ.
45 до 50 со смештај на сама плажа.
..али јас секогаш одам крај на Август или почеток на Септември.

не ги можам грчките студиа, со креветите и телевизор во ќошот на собата за 50 евра на уште на краците
И обавезно дрвени кревети.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4840 на: 28 Март 2017, 22:03:54 pm »
не озбилно, знам дека е убаво морето и ми праи мерак посебно втор крак, прв ми е тапа некако ама цените отров за тоа што се нуди, штета Шпанија не е на дистанца за возење и Португалија авионските трошоци мењаат рачун ама за сместување многу подобри цени или па за истите цени се нуди многу повеќе

се мислам за летово за викенди до Грчка Шатор да си земам и по камповите на втор крак да вртам

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5362
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4841 на: 28 Март 2017, 22:11:44 pm »
не озбилно, знам дека е убаво морето и ми праи мерак посебно втор крак, прв ми е тапа некако ама цените отров за тоа што се нуди, штета Шпанија не е на дистанца за возење и Португалија авионските трошоци мењаат рачун ама за сместување многу подобри цени или па за истите цени се нуди многу повеќе

се мислам за летово за викенди до Грчка Шатор да си земам и по камповите на втор крак да вртам
Земи си шатор за резерва и рашетавај, јас пред две години со тогашната девојка слегов до Василики со намера ако ненајдам ефтин смештај да одиме во камп, на 20ти август цените во камп беа 23 евра за шатор, по саат време барање најдов убава куќарка на стари баба и дедо на главната улица пред плажата со паркинг/ сенка за колата, и апартман за 25 евра, со еден брачен и 2 помошни кревети.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4842 на: 29 Март 2017, 08:28:14 am »
Јас затоа одам по западен брег, островите на Јонско, ова на крациве е забегано со цени, дупло поефтини се доле иако приметувам мало зголемување на цените скоро секој година.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4843 на: 29 Март 2017, 08:45:28 am »
@kalimero во кои апартмани одиш во Сивири и пиши некој контакт. Ја лани бев во Stathis а и годинава планирам, мада малце забегаваат со цени ~70€ за втора половина на јули.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4844 на: 29 Март 2017, 12:04:29 pm »
Јас не знам на кои краци сте биле и дека било скапо... во Охрид поефтино да не е? Или во некоја од “елитните“ кафани во Дојран?

Јас бев со жената преку booking.com во Полихроно, на првиот крак. Околу 300евра за една недела со доручек само. За ручек, на самата плажа имаше ресторанти, 20-25евра, од 25евра поскапо немаме платено. Исти цени со Охрид. Има и поефтина варијанта, српско гиро 2 евра.

Полихроно, дали 25% имаше грци. Најмногу беа срби и македонци. По улиците коли со битолски и охридски таблици и српски само. Во центар има српско гиро околу 2 евра. За фамилијарно, со мали дечиња, многу убаво место. Најмалку 10тина апартмани имам видено од српски агенции.

Препорака: Ако одете на првиот крак, гледајте да е само од внатрешната страна на кракот. Од надворешната страна нема ниедна убава плажа со песок, се беше камењарник. И МНОГУ ВАЖНО, доколку возете по краците, пазете многу на патот. Имаше на 2 места дупки ОГРОМНИ, имаше една кола со СК регистрации. мењаше гума на едната дупка, а на другата имаше шлеп служба.

« Последно менување: 29 Март 2017, 12:10:07 pm tjolie »