Кога би одел од Скопје би идел на Гевгелија, па потоа на Вериа за А2 - Кожани / Гревена / Јанина / Игуменица. Патот е подолг за 50км но е подобар и пократко се патува.
Јас сум од Прилеп и маршрутата преку Гевгелија ми е 150 км подолга и неисплатлива, и временски и финансиски, затоа одам преку Битола.
А преку Битола не е само патот полош, туку и цариниците од двете страни на границата.
Сум чекал по 2 - 2.5 саати заради гужва или проблем со компјутери. Колона од 30 возила 1.5 часа, на Гевгелија истата колона поминува 3-4 пати побрзо.
Ако се решиш за патување преку Меџитлија, одма по Ники се исклучуваш на првата петља за Веви / Аминтао за да не влегуваш низ Лерин (пократко е и побрзо).
По 15км патот се дели: право е за во селото, ти одиш како полу-лево преку пруга.
Продолжуваш на Птоломеида, па Кожани.
По Кожани тие е делењето за Солун / Игуменица - се вклучуваш на автопатот А2 Гревена / Јанина / Игуменица, само успори оти исклучувањето некако доаѓа веднаш ако си побрз. И внимавај да не заминеш Солун

Квалитетот на патот до Меџитлија е тапа, нешто поарен од Ники до Аминтао, одличен до Кожани и писта до Игуменица.
Што и да одлучиш, среќен пат и убав престој.