Момци како е патот до Лефкада? Планирам летово таму да терам, не знам дали со кола или бус... Некој смештај таму да препорачате? Отприлика цени, ноќен живот и слично?
Јас бев пред 2 години во Никиана со автобус.
Источниот и западниот брег си имаат свои предности и недостатоци.
Западниот има убава боја и песок, сонцето заоѓа подоцна, но на 2 метри е длабоко 2 метри

башка брановито.
Источниот е потопла водата, помирна и благ пад има за длабочина, ама пак рано заоѓа сонцето, морето ја нема таа азурна боја.
Патот е автопат од Никиана до Лефкас, потоа е по една лента до Агиос Никитас, а од Агиос Никитас е лево-десно горе-доле до Порто Кацики.
За сместување препорачувам или Агиос Никитас или Никиана. Никако Нидри. За ноќно излегување подобро е да си сместен во Никиана, пошо немораш планина да искачуваш и спушташ. Јас бев сместен во Никиана во Пегасус со доручек и вечера и можам само пофални зборови за хотелот да речам. Особено за вечерата. Аранжманот беше на Игуана.
Јас бев со автобус и таму рентав скутер. Цените не се ваш ефтини за рентање. Јас платив околу 70 евра за 7 дена за 50 цц пошо немав А. Таму се доста ригорозни околу рентањето, бараат меѓународна.
Е сеа за да не арчам прсти, пиши како што планирате, колку како луѓе сте, за да ти кажам што ти е најдобро.
п.с. Турите за надвор од островот и околу тргнуваат од Нидри.