еве да им дадам и јас одговор на охриѓани... денес на еднодневна бајк тура до охрид и назад... успеав да идам од охрид пред да се направи гунгулата заради цеца... инаку бев на градиште... на плажа бр.1 имаше нешто народ, ама и нормално е да има таму луѓе заради тоа што таму се ресторантите т.е. сендвичарниците за камперите... на плажа бр. 2 точно 8 души џускаа на подиумот на некој тежок транс... не ке да беа при чиста свест џускачите...
продолжив на трета плажа, малку релаксирана музика, чилаут атмосвера, дојде келнерчето, ај друже велам, за мене и невестава по еден сендвич со пилешки стек, едно пивце хајнекен, нескафе едно невестава и за мене капучино.... се супер, дај друже да платам, нема проблем повели сметка (парагон блок, боже пази фискална да ти даде), и вели вака:
-пиво хајнекен 200 денари
-капичино (со пена пошто им се потрошил шлагот) 100 денари
-нескафе 120 денари (чашата тенка како за узо во грција што даваат)
-сендвич со пилешки стек 150 денари=300
па добро бе пизда му матер.. ем е празно ем во несвес со цениве...
успат гледам цени:
-лежалка 200 денари (пластична)
-чадор 250 денари..
значи 650 денари (10,5 евра) за 2 лежалки и чадор...
и нај јакото допрва следи:
-вип лежалка (со 2 душеци, на некое издигнато од железа испоизварено платформиче на самата плажа, со платно бело обмотано) кошта неверојатни 100 евра...
а инаку во охрид, во самиот центар неверојтно многу гужва имаше, ама сите го коментираа истото, дека заради цеца и августовскиот празник дошле луѓето... цеца распродала сите 7.000 карти... затоа е гас прекуглава во охрид, инаку до пред 2 дена пусто било... јас не видов пусто низ охрид, ама плажите беа секако пусти, што го докажува муабетот што го слушнав...