Сабајлево се вратив од Сончев Брег, во глобала одлично поминат одмор. Одев со Бисер Пром, за прв а и воедно последен пат. Автобусот беше претерано тесен (јез да сум голем у нозете ја, но тесно беше...

) а и шофериве штедеа на нафта изгледа па климата дуваше на минимум.
За Сончев Брег, народ имаше доста, претежно Германци, Норвежани, Руси... Но имаше и доста Македонци. Цените одлични истотака, со исклучок на овошјето кое е поскапо малку. За јадење го препорачачувам Djanny ресторанот(
https://foursquare.com/v/djanny-sunny-beach/4c2b971ed1a10f472030f864 ), се и сешто има во него и храната е одлична.
Многу млади луѓе (на моја возраст +-), одлична журка насекаде и во кафичи и во дискотеки. Плажите беа добри, со песок целите и прилично чисти.
Тоа е од мене, ако некој го интересира нешто нека праша.
