и мене така пред година дена гркот на излез не ми даде ни да застанам со колата и ми мафташе ајде ајде , па поосле вадев нов лист пошто немав излез на стариот 
мене не ми е прв пат така да ми направи гркот... и немало проблем никогаш одпосле... си знаат они мање више во кој период од годината, заради намалување на гужви да го прават тоа... вадењето нов лист, не те брише од компјутерската база во која си запишан.
само ова докажува уште една работа... моментот пред да се отоврат границите за безвизен режим... знаело да се деси да дремеме од грчка страна према македонија по 2-3 саати во место (само македонски таблици) под изговор дека системот им паднал, додека сите други таблици проаѓаа покрај нас... после неколку такви чекања сватив дека тоа го правеа секогаш кога некој од нашиве политичари ке се излаеја нешто на телевизија или ке направеа некој чин што на грците не им се свиѓа... последен пат дремев 3-4 саати кога го прекрстија аеродромот од петровец во александар велики...
одкако сконтав што е финтата, на интернет гледавме вести дали некој таков “хепенинг-испад“ се десил кај нас или не.. ако се десил, си одевме другиот ден, ако не, си одевме тој ден... мислам дека сеуште таа филозофија и начин трае.