Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1718177 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2925 на: 11 Јули 2014, 21:10:47 pm »
Слаки, ја сум моментално на Лефкада. Немаше ниеден џандар нигде. само пазев на спид лимит (+20 макс) а тоа е доволно. скоро се е автопат и си тераш. после накај Игуменица кога те носи патот тоа е двонасочен ама ОК е патот, само пази има ретардирани што претицваат секаде, ке ми направеа беља два пати.

И тука кај агиос никитас угорниците, удолниците малц пажљиво, ја денес од плажа таму си возикам, влегов во удолницата на една голема кривина па дрифтав малце :D треба малце попажљиво :D

EDIT: за контакт за смештај немаме, али се наоѓало смештај во близина без гајле. Денес сретнав една познаничка сместена меѓу агиос никитас и катизма и плаќале по 130евра од човек за 10 дена у студио со базенче. само незнам точно каде е сместена и немам контакт од неа :( така да и да одиш се наоѓало и директно смештај

И иди преку битола, жив човек нема

Отсутен slaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2926 на: 11 Јули 2014, 21:57:51 pm »
ДневенШетач фала на исцрпно инфо :). Исто и на Игор... Ќе одам од кај Битола ме решивтe :)... Водата топла ли е бе луѓе?... На плажа ќе ме познаеш по влегување у вода (40мин минимум) :) :)... Со коливе глупости има ли? За паркинг како е...да не кревет со пајацине :) :) :)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2927 на: 11 Јули 2014, 22:01:46 pm »
Водата е релативно топла, сепак е јонско море, знае да биде малце ладна ама зависи, поголем проблем знае да биде ветерот, јас кога бев Јуни беше милина мирно, но многу луѓе имаше што фатија бранови и ветар.Како и да е ќе си поминеш убаво, плажите и островот се супер за возење и одмарање.

Со паркинг немав никакви проблеми, по цел остров паркирав на секакви места, само на 1 плажа плаќав паркинг зашто беше незгодна за паркинг.

Отсутен slaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2928 на: 11 Јули 2014, 22:40:45 pm »
И уште една работа... дали да возам од Јанина према Превеза или да идам до Игуменица па од таму покрај море по тој пат?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2929 на: 11 Јули 2014, 23:27:02 pm »
Јанина - Превеза.

Отсутен slaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2930 на: 14 Јули 2014, 08:57:04 am »
Да се пријавам стигнат и сместен во а.никитас. плаќам 35е у екстра куќиче. Инаку од битола се топ, али на граница застој (систем даун) 2 часа у место, па после ми беше тешко да се довозам морав да дремнам малку.
Поздрав

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2931 на: 14 Јули 2014, 12:25:14 pm »
Лади си го сеа.Убав помин :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2932 на: 14 Јули 2014, 19:43:30 pm »
хмм чудно за битола, ја и брат ми во два различни денови за 2 минути и двајцата завршивме :S
Нема везе бав помин, пријави се што кола да знам да свирам ко ментален :) - бордо фиеста ако видиш (таа најубавата) ЈАСУС :) свири :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5433
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #2933 на: 14 Јули 2014, 19:51:43 pm »
Ја ќе одам до Блгарија, Сани Бич. Првпат одам таму, како се цени, места за излегување и сл?
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2934 на: 14 Јули 2014, 20:10:05 pm »
Ако си ерген терај....

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2935 на: 14 Јули 2014, 20:51:03 pm »
Ја ќе одам до Блгарија, Сани Бич. Првпат одам таму, како се цени, места за излегување и сл?

преку агенција?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2936 на: 14 Јули 2014, 23:19:41 pm »
Ја ќе одам до Блгарија, Сани Бич. Првпат одам таму, како се цени, места за излегување и сл?
И да одиш!
Цени багатела,места за излегување пуууууно,дискотеки кафичи,стриптиз бла бла.Не сум влагал,не знам цени за влез како се,али имаше видео бим низ тоа како шеталиште што е даваа што се дешава по дискотеките,лудници.....
Јас бев пред 2 години во Несебар,ама го шетав и Сани бич,за млад човек е одлично.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2937 на: 15 Јули 2014, 00:52:28 am »
ај што ги лепат на граница ги лепат, иако кога го прашав зашто ми ја залепи, ми вика имаш МК на таблицата... е па ако е на таблицата, зашто на стакло ми ја залепи... ај нејсе... транзитирав низ грција, па така ја залепи на една граница, на следната ја одлепив без никакви последици со шпакли да стругам.. туку видете ја неписменоста нивна сељачка:


www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2938 на: 15 Јули 2014, 01:45:06 am »
извинете за дабл пост ама би требало да се одвоени овие по мое видување:

ај сега едно ривју да дадам јас за мојот одмор.

локација Албанија, Ксамил. 15 километри од саранда.

прво нели прашав тука на форумов кој бил да каже свое искуство. одкако ги испрочитав текстовите на ГОЈДО и на БУШАВМЕГАН (мислам дека беше), добив слика дека се работи за некоја тешка селендра. меѓутоа, во целиот муабет за ксамил, се појави и едно натегање помеѓу КАЗАН и незнам уште кој беше.. казан упорно тврдеше дека пола и поише од тоа што е кажано не е вистина...

после дискусијата, јас се репетирав како пушка и почнав да кењам дека нејќам, лошо било, снемува струја редовно на подолг период, автоматски и вода снемува... од истите текстови сватив и дека магаре серело на плажа, по дефинција и овци има и тоа е тоа... инфраструктура за нигде, како бејрут било, рушевини на сите страни... таа слика ја добив... од друга страна ми се з’гнаа сите кои беа напалени за идење а и слики ми приложија како доказ од паровите што само што се вратиле од ксамил.. морав и со свои уши да чујам дека со струја и вода нема проблем.. сепак, остана последната пречка за мене (тетоец сум, а во албанија на одмор) иако од миљон луѓе слушнав дека тие и овие тука немаат врска едни со други...

ок.. тргнавме и идеме.на влез во алабанија повторно се репетирав како калашњиков, и дури и шкрапецот до пола стиснат... ке испотепав сите што ме тераа да идеме за ксамил...

-влагаме во албанија и чекам да видам не асвалтиран пат. и имаше еден, точно 1,35 километри не асвалтиран па со сплав-скеле преку канал или цело време по асвалтиран пат зголемено за 20-тина километри... е за 20 километри не кршам кола им реков и тргајте по мене, идеме по асвалт... чекав да видам дупки во патот, не видов. чекав да видам уништени асвалти, не видов. целиот пат мазен, рамен е сега кривуљав да, ама далеку од лош и уништен. половина и повеке од патот беше широк по 3,5-4 метри лента...

-стигме пред ксамил. 11 на пладне. барам со очи да видам рушевини (така тука ми беше посочено) не видов. како што сватив тука, тоа биле рушевини дивоградби, кои ги урнале со експлозив или како и да било воопшто рушењето и биле оставени така изрушени да зјаат...  НЕ ВИДОВ НИТУ ЕДНА.

-стигме во хотелчето (претходно резервирано и со препорака). влагам внатре, мириса на чисто бе... чисто. свое кујниче, свој тоалет, свој бојлер.. шкрапам прекидачот, има струја, пуштам чешма има вода. децава и женава се изнаспаа во кола, ама јас возев 600 километри. се распакувавме, они на плажа одма со се сите други жени што беа дојдени а мажите на спиење нормално.

-ме разбудија околу 7 вечерта. станав, кафе едно и се симнавме до првата плажа, нај блиска, плажата е релативно ок, воздухот неописиво добар. е во тој момент, репетираната пушка остана репетирана, ама кочницата се заклучи. почнав да се спуштам и да ми спласнува сета таа енергија и набој негативен, со се сите предрасуди.

-се вративме во апартманот, седнавме на вечера сите колективно, интернет се закачив, читам нешто лево десно, децава више си легнаа, и околу 10ч, пуф, снема струја (а со тоа и вода снема)... и тоа снема нашата страна од улицата, а спротивната има струја... инстант се откочи кочницата и почнав да делам рафали наоколу... меѓутоа газдата ИСЕН дојде за 4-5 минути и рече дека има сериозен дефект, наводно со багер погодиле некој главен кабел, еден човек починал и дека ке потрае дефектот до другиот ден.

-другиот ден, станувам околу 9, струја сеуште нема... веке почнав да ги пакувам куферите за да се префрлам во грција на одмор. ме запреа со сила, ајде на плажа ке идеме, да се опуштиме малку, да се освестиме, па после ке се договараме што и како. јасно и гласно дадов до знаење, дека кога ке се вратам од плажа, ако нема струја јас тргам, а кој иде со мене нека иде, кој нејќе нека остане тука на газиена ламба..

-на плажа прв ден. плативме лежалки и чадор. имаше 2-3 момци што цело време трчкаат лево десно. момак кафе, момак пиво донеси, ај уште едно, ај уштедно, вкупно 5 пива за мене, 4 сока за децава, 2 сока за лепша половина и 4 кафиња. се тоа фино ти го носи на лежалка, твое е само да пиеш и да се излежаваш. немора ни со прст да мрднеш. се тоа кошташе точно 2250 ЛЕКИ или точно 16 евра. 140леки=1 евро WTF? викам.. очекував да ме испадне барем 30 евра (пошто во грција тоа би испаднало зависи каде ке идеш ама помеѓу 40 и 65 евра) а албанија, нели, поевтина е, ама не ни сонував дека толку поевтина... до толку се зачудив, тшо го натерав детето да ми изрецитира што се сум нарачал, да не испуштил нешто, нема смилса, од џеб ке му кинат, а он па се насекирал дека сум посумњал дека сака да ме украде... :) свашта...

се вративме во апартман, струја има, вода има, во меѓувреме и бојлерот загреал и тука заврши снемувањето со струја засекогаш. за цел одмор не ни снема струја ниеднаш. се деси на хотелот до нас (тирана) да му снема струја, а знаев дека нема струја кај него затоа што му се запалија агрегатите...

уз муабет, уз разговор со газдата на хотелчето, дознавам дека последниве 2 години се направени мноооогу јаки инвестиции. средени патишта, рушевини одстранети, 4 нови трафостаници и нов далновод. проблеми со струја никогаш више, нити па напон паѓа  а и тоа имале проблем, има струја ама слаба, па слика на телевизр се собира, клима не се пали итн итн... сега ни тоа немаше проблем.

ПЛАЖИ!!
сите се вештачки направени, тоа е точно. но сите се направени со фин скоро бел песок. сите се уредени, дотерани до крај. скоро и да неможеш да видиш или најдеш плажа на која нема туш, вифи и свој паркинг обезбеден за бајаги многу коли. паркингот нај често беше трева или туцаник, ама не е кал и дупки како што ми беше посочено. на повекето имаше и обезбедено вештачки сенки за возилата... значи на сите има обезбедено туш и ви-фи бесплатно. сите плажи се со некое мало ресторантче и сите имаат кафиња, пива, сокови, сладоледи и се што ке ти текне.. имаат и храна, стекови, гиро, морска храна... твое е да дигнеш рака кога ке пројде келнерчето, да му кажеш што сакаш и он со петиците во гз ке оттрча да ти ја донесе нарачката. е тоа е одмор. втора работа... има доволно уредени плажи во ксамил, за 15 дневен одмор да идеш по 2 различни дневно и пак нема да ги пројдеш сите. цел ксамил е со многу заливчиња и поради тоа имаат и многу плажи.

ВОДАТА-морето...

солено.. нормално нели... чисто и нај често бистро. имаше плажи кај што е заматена водата ама тоа во првите 10-15 метра од плажата. нормално е, еден куп луѓе има во вода. знаеше да се појави и трева во водата (морска трева) ако ја донесат бранови. ама ангажираните момци одма седнуваа во кајчиња и ја собираа... мрдни со пливање на 20-30 метра од плажа и водата е бистра и прозирна до доле. даааалеку е од муабетот дека водата е гнасна и прљава. такво нешто не видов. и да, сите плажи туриле и песок во водата, така да е рамно и мазно додека да влезеш во подлабокото мање-више...

ЦЕНИ!!
во маркетите цените се како кај нас па дури и поевтини.. на пример леб беше 50 леќи. да повторам 1 евро е 140 леки. значи околу 20 денари. свински битек испаѓа околу 250 денари кило. лежалки на плажа (2 лежалки+чадор) зависи на која плажа и каде се движат од 400 до 600 леки за цел ден. педолини исто од 500 до 600 леки за 1 саат. точно пред ксамил во морето има неколку острови. сите се добри за да се посетат и да се видат. на едно место има 2 пстрови кои се спојуваат од 2 страни.. тоа е фантастично место.. од една страна еден бран, од друга страна друг бран. јас во мометот и увидов едната страна потопла беше другата страна поладна беше иако е исто море, различни водни струи проаѓаат. имате и водни акробации од типот, банани, гуми и остали глупости.. влечење со скии, даска и се што ти душа сака. имаше и со глисер да те вози... 1 саат 30 до 40 евра, дали  1 ке се вози или максимум 11 сеедно, цената е таа. гиро. има свинско и пилешко. од 150 до 170 леки е гиро, а во порција е 300 леки. лименки со сокови се 100 леки кај нив, во продавница од 55 до 80 зависи кој и како. соковиве фанта... да бираш од што сакаш. 15 врсти на фанта имаше ебате и сите беа по 70 леки во маркет.

еднаш седнавме на ручек во ресторант. 2 порции шкрампи, 1 порција лигњи, 2 порции мешани морски плодови, 1 порција школки, 3 порции пилешки стекови, и тоа бабачко наполнети сите порции, да неможеш да дојадеш од што има многу, појма немам колку пива, сокови, неколку узо чашки и сето тоа 8900 леки т.е. 63 евра. нормално и бакшиш остаивме. па срамота бе тоа во грција би било цена само за првите 2 порции. за крај со сметката донесоа и една цела супер блага лубеница исечена и средена во 3 полни порции...

начелно, јас сум задоволен од овој одмор. одамна се немав така опуштено како тука.. пред се од финансиски аспект, бидејки тргнав од тука со броени пари. имав точно толку и толку за терање 10 дневен одмор. со тие пари даааалеку по скромно ке си пројдев во грција... пишав ли погоре цена за апартаманот? ако не еве сега.. 20 евра кошташе апртманот, без оглед дали 2 или 4-ца се во него. има брачен кревет, детски кревет и помошен кревет. само што стигнавме го гледам помошниов кревет а и децава одма почнаа да се караат кој НЕМА да спие на него. исен, ај да те прашам нешто, децава нејкат на него.. ааааа, ок... 10 минутс... за 10 минути го извадија помошниот надвор и ми донесоа детски кревет уште еден... до мојот беше дуплекс со 2 спални и максимално сместување од 8 особи. 30 евра беше тој.

упалив клима да проверам... ја осеќам нешто слабо работи, по мое видување празна беше со фреон. исен, алакари тука.. климава нема фреон, јас тоа го работам и знам дека е слаба, слабо лади. ке треба поише време ЈАС ДА ЧЕКАМ за да излади... за 30 минути долета мајстор и сите клими во цел хотел ги провери. поентата ми е дека се услужливи за се што ке посакаш. право туристичко ОРГАНИЗИРАНО место. ова со климава и креветов се стварно банални работи, ама за се што ке се обратев дека сакам, нозе ке искршеа да ме услужат... а што имаше исен 2 убави керкииии... :) ама си викам ај и јас да не претерувам со барањава.. :)



после ова се повикува ИЦЕМЕН со арото што сеуште го оправа, да се произнесе по истово прашање, пошто пука случајност е што 2 дена бевме заедно во ксамил иако не се сретнавме. јас на 13-ти си тргнав он на 11 дојде таму... ете и он ке истера 10 дена таму па нека каже кога ке се врати... сепак можно е целава разлика во видувањето на одморот да биде според личните параметри за приоритет на квалитет од она што го бараш. јас а и по тврдење на другите околу мене си поминавме одлично.. репетираните пушки уште вториот ден ги закопав далааааабоко под земја...
« Последно менување: 15 Јули 2014, 02:07:59 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2939 на: 15 Јули 2014, 01:55:38 am »
а што имаше исен 2 убави керкииии... :) ама си викам ај и јас да не претерувам со барањава.. :)

Epic.