Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1874198 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2775 на: 16 Јуни 2014, 11:56:57 am »
@filipv

Кои се цените на двата смештаи кои ги кажуваш, одприлика? Паркинг?


Јас па во Август во сред сезона плаќав 100 еур дневно за гарсоњера, а подоцна 50 еур за соба за двајца, ама со обезбеден паркинг.
 
Инаку газдите беа баш ок, и не носеа два пати на вечера во ресторан со одлична морска храна и одлично вино.


Ние биравме место во Дубровник, да кола користам исклучиво за подалечните места, а Дубровник го шетавме или пешки или со градски сообраќај.Паркингот може да биде проблем во Дубровник.

И за оние што ќе одат во Дубровник, обавезно купете Dubrovnik Card каде што следат влезници и транспорт за битните места што треба да се видат. Со ваква картичка доста се штеди во однос на регуларно плаќање. Ако се резервира онлајн а подигне таму (во разни агенции), доаѓа и поевтино за 10%.

http://www.dubrovnikcard.com/

http://www.dubrovnikcard.com/howitworks.php#skoci_1

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2776 на: 17 Јуни 2014, 02:42:43 am »

Хрватска е одлична,последен пат бев во Дубровник пре пре убаво место,ама многу скапо..

Бев и јас лани во Дубровник. Одичен спој од култура (концерти, музеи, знаменинтости, историја...), природа.....

За одмор што не се базира на залегнување на плажа, одлично место, можеби и едно од најдобрите..

Беше на Мљет?  Го виде зидот во Стон и соланата? Беше во Стон на школки? :) Островите во околина?

Дубровник е прекрасен се слагам. Инаку Дубровчани за мене не се Хрвати. Тотално друг менталитт се :) Они си се Дубровчани :), со своја посебна историја и свој посебен менталитет..

И кажи ми како се снајде за сместување? Колу плаќавте од ден? Во кој дел на Дубровник бевте сместени?

Цените во ресторани, кафичи и слично беа многу слични со цените во Скопје/Охрид..

Ама сместувањето беше ....хмм... Малку поче... И тоа во тапа апартман (јас ептен во сезона отидов, и немав избор.. Него морав ш било....)

Него дали си бил во Трогир и Сплит? Како споредуваш со Дубровник?


Па плаќавме по 80е од ден,почетокот на јули,бевме на некој си пола километар од плажата, во туристичката област,местото ако не се лажам се викаше златни поток или така некако,на почетокот од Дубровник,блиски пријатели секоја година идат на истото место во Дубровник,па ми средија за апартман,малце е подалеку од стариот дел на градот,ама пак местото е многу убаво,и сум презадоволен од апартманот,прекрасен поглед на море..
Зидот на стон го имам посетено ама порано,многу интересно место,мислам околу 5-6км дека е долг.
Иначе да,дубровчаните се многу гостопримливи луѓе,цените на смештајот се прилично скапи,во кафичите и ресторани цените не се многу по високи од Охрид,интересна работа е колку само Германците идат во Дубровник,се чуствував како да сум во Германија на одмор :)
Во Трогир и Сплит немам отидено,ама здравје другата година сигурно ќе појдам до Сплит..

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2777 на: 18 Јуни 2014, 12:14:18 pm »
Луѓе Бон Репос Корчула бил некој, што е како е?
New blood of old school

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2778 на: 18 Јуни 2014, 12:24:06 pm »
Црна Гора ја имам прошетано цела, не ми остави добар впечаток. Хрватска не сум бил уште кога бевме Југославија :) односно 1989 година. Го паметам Дубровник доста добро со оглед на фактот што бев ама баш копиљ.

Годинава изглеа не ќе можам, неам право на одмор :) ама Нови Сад не бега крајот на август :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2779 на: 18 Јуни 2014, 12:29:10 pm »
Сум ги посетил и ја Монтенигерсиве ама Хрватска не сум бил. Гледам на трчање некој одмор да напраам оти сад или никад ке биде :)
New blood of old school

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг:
« Одговори #2780 на: 18 Јуни 2014, 23:53:56 pm »
Поздрав од Пула. Далеку и од околу, ама се е автопат. Преку веб има одлични пристапни станови за рентање. Од македонци, само ние и легендарните гостиварци кои веќе 50 години ги држат слаткарниците. Кој е за песочни плажи - такви нема. За еден кул опуштен одмор со културни туристи - супер. Истра е единственото место каде во бивша Ју војничињата отсуството си го поминуваа а да не идат дома. Ожујсково пиво е подобро од даб и скопско заедно.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2781 на: 19 Јуни 2014, 00:05:56 am »
Поздрав од Пула. Далеку и од околу, ама се е автопат. Преку веб има одлични пристапни станови за рентање. Од македонци, само ние и легендарните гостиварци кои веќе 50 години ги држат слаткарниците. Кој е за песочни плажи - такви нема. За еден кул опуштен одмор со културни туристи - супер. Истра е единственото место каде во бивша Ју војничињата отсуството си го поминуваа а да не идат дома. Ожујсково пиво е подобро од даб и скопско заедно.

Ako одиш и  до Опатија  обавезно ручај или вечерај во ресторан Рузмарин, и нарачај од нивниот ликер од Орев пред јадење. Ако седнеш во Слатина, да знаеш дека порано се викаше Скопје, ама го прекрстија после 2-3 бомби, и дека основачот е од Скопје (сега го работи сопругата на неговиот син).Порано бил најдобриот ресторан на Истра.

И обавезно прошетај по Лунго Маре, и ако имаш време качи се на Учка. Кога е убаво времето се гледа Венеција од таму :)

По Лунго Маре има еден ресторан што се вика Мали Рај, и каде што имам јадено најдобри лигњи..

Истра и јас ја сакам многу :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2782 на: 19 Јуни 2014, 00:17:46 am »
Уф Истра, лепота :)

Јас бев и на Бријуни, Ровињ и Пореч. Прекрасен регион со одлични домаќини.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2783 на: 19 Јуни 2014, 00:57:40 am »
@filipv

Кои се цените на двата смештаи кои ги кажуваш, одприлика? Паркинг?
...

Фала и на двајцата на одговорите, само онака прашувам од радозналост, мое поле на делување е Грчка, нагоре би идел али не во лето, чисто да видам што е тоа Јадран :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2784 на: 19 Јуни 2014, 11:48:05 am »
Уф Истра, лепота :)

Јас бев и на Бријуни, Ровињ и Пореч. Прекрасен регион со одлични домаќини.

Животна желба ми е да одам Ровињ на Буба собирот. Прекрасно градче.

После да тркнам до Пула.


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2785 на: 19 Јуни 2014, 12:03:20 pm »
3 пати последниве десетина години на Истра.  Медулин, Умаг и Рабац. Успут, шетање по цела Истра. Одлична е, поготово ако сакаш малку повеќе да шеташ, а не да чмаеш по цели денови на плажа.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2786 на: 19 Јуни 2014, 12:11:19 pm »
Нема песочни плажи, а?

Вака некако преферирам во овој живот:


Сакам за Кирибати да видам како се аранжманчињата оваа година. Осбено е добро ако неќеш да акаш по улици и градови. Пак ми се оди.


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2787 на: 19 Јуни 2014, 12:41:46 pm »
Нема песочни плажи,а?

Има, ама крупен песок. Не е за малтер. Повеќе ко` за темели...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2789 на: 22 Јуни 2014, 11:30:24 am »
Вака некако преферирам во овој живот:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Вакви плажи - на јадранските острови.

Ultimate e Златни Рат на островот Брач. Фигурира во многу „Топ 10 плажи у свет“ списоци. Бонус: во шумата до плажата има такви кафанчиња што нема да ти се станува.



Поблиску? Велики Жали Шуњ, на островот Лопуд, 20км северно од Дубровник. Брод од дубровник е 3-4 евра повратна карта, а на палубите служат феноменално макијато. Бонус: Лопуд е нудистичкиот епицентар на Дубровничката ривиера.

« Последно менување: 22 Јуни 2014, 13:05:04 pm filipv »