Реално мислење, ама по твој критериум нели?
Јас секое сабајле одев во 9 на плажа, и секое сабајле наоѓав лежалка у прв ред до море. Плажата беше далеку поголема од 20 квардати, и имаше максимум 3 реда по 10тина лежалки (се работи за PARADISE плажата). Подалеку беше од местото кај што бев сместен, ама за да ми е убаво, ништо не ме кошта да возам километар и пол, ама да ми е после ТОП. Да, факт е дека има и вештачки плажи, ама има и многу песочни (природни). Зависи на која плажа идеш. Од друга страна, постои варијанта да си резервираш лежалка од претходниот ден, што не е воопшто тешко нели?
Грчка? Да... Во Грчка (а и други земји) има места што се далеку поубави, ама има и места што се вештачки надувани дека се убави.
Не знам врз основа на што го даде твоето мислење за Ксамил, кога и сам кажа дека ТИ не си бил таму... Јас па со две раце би потпишал дека Саранда (според мене) е далеку понеубаво од Ксамил. Гужва, прашина, мирис на влага, тапа плажа, поскапи локали, нема место за паркинг итн итн...
Исто така многу битно да се напомене, и во Ксамил и во Саранда има места што се буквално ДУПКИ... Секаде ги има такви... Ако убаво побараш, и убаво се распрашаш се наоѓа убаво место, за фина цена. Како што ти си имал топ смештај во Саранда, јас кажувам дека имав одличен смештај во Ксамил. И сега? Да го земеме моето мислење (иако е позитивно) како РЕАЛНО??? И да кажам дека ти индиректно со твоето мислење ме напаѓаш мене дека лажам пола форум?

Затоа пак викам... Секој си има свој вкус, и секој очекува нешто од својот одмор. Секој си го планира истиот по свои вкусови, можности и желби. Факт е дека не можеш да го споредиш со места кои се над негов ранк (без разлика дали се у Грција, Турција, Црна Гора итн итн...).
Ксамил како место е поубаво од било кое во Охрид (гледам дека некои луѓе и за тоа се фатија), во однос на смештај, услуга, народ кој седи таму, цени, како и се останато. Многу битно е да се знае дека многу брзо напредуваат. Градат патишта, хотели, вили, локали, зборат англиски (порано беше научна фантастика да најдеш некој во Албанија што збори англиски), пољубезни се од 90% од газдите во Грција... Се надградуваат од година во година и стануваат се подобри...
Нема поента да се објаснувам тука, ако некој сака било каква иформација, слики, мислење во врска со Ксамил, нека ми пише ПП, ќе ми биде драго да му објаснам и помогнам во изборот...
п.с. неколку страни претходно...
Слушам муабети дека Ксамил се повеќе го средувале и дека било прилично ефтино. 20 еура апартман за 4-ца во вила. Мирно место, ама блиску е Саранда. Има некој одено таму да пренесе искуства?
Јас бев минатата година во Саранда и да ти кажам право среќа што не се сместив во Ксамил. Местото после 8 пиле не пее и ке возиш секоја вечер по 40 км да одиш до град. ...
зашо вакви дезинформации?? ц ц ц..
Дезинформации? Лани бевме разделени со едни пријатели, ние Саранда они Ксамил... Ксамил слаба струја ( на периоди и по саат-два без струја беа) што несакаше ни климата да им работи, тапа во попладневните часови... Гледав како страдаа пријателите...
@Lo 17 Ок, грешка сум бил, не се 40км во два правци туку се 25-30.
И јас лани бев.
10 дена, од кои 2 вечери ги поминав во Саранда. Ниту еднаш не снема струја, во ниту еден период од денот. Цело време се си работеше одлично. И струја, и вода...
Не знам за повеќе, ама имаше 2 дискотеки сигурно, 10тина ресторани од кои 2-3 поелитни. Факт е дека за ноќен живот Саранда е каде-каде понапред, али Ксамил не е ни приближно лош како ти што го опиша.
Од центар на Ксамил, до центар на Саранда нема повеќе од 15км.
Од друга страна, Саранда е гунгула 24/7. Не би можел да издржам таму 10 дена. Повеќе замара, него што одмара...
Така да, твојот муабет, за мене е дезинформација. Башка, сам кажа, ти не си бил, биле твои пријатели. Јас бев, видов, искусив...
И по сликата што си ја ставил, можам да видам дека не си бил баш во Саранда... Туку во некоја од околните населби? Меѓу Ксамил и Саранда?
И уште една работа... Секој си го замислува својот одмор различно. Секој си има свој вкус. Глупо е врз основа на нечие туѓо мислење да се носи генерален заклучок.