Слушам муабети дека Ксамил се повеќе го средувале и дека било прилично ефтино. 20 еура апартман за 4-ца во вила. Мирно место, ама блиску е Саранда. Има некој одено таму да пренесе искуства?
Јас бев минатата година во Саранда и да ти кажам право среќа што не се сместив во Ксамил. Местото после 8 пиле не пее и ке возиш секоја вечер по 40 км да одиш до град. ...
зашо вакви дезинформации?? ц ц ц..
Дезинформации? Лани бевме разделени со едни пријатели, ние Саранда они Ксамил... Ксамил слаба струја ( на периоди и по саат-два без струја беа) што несакаше ни климата да им работи, тапа во попладневните часови... Гледав како страдаа пријателите...
@Lo 17 Ок, грешка сум бил, не се 40км во два правци туку се 25-30.
И јас лани бев.
10 дена, од кои 2 вечери ги поминав во Саранда. Ниту еднаш не снема струја, во ниту еден период од денот. Цело време се си работеше одлично. И струја, и вода...
Не знам за повеќе, ама имаше 2 дискотеки сигурно, 10тина ресторани од кои 2-3 поелитни. Факт е дека за ноќен живот Саранда е каде-каде понапред, али Ксамил не е ни приближно лош како ти што го опиша.
Од центар на Ксамил, до центар на Саранда нема повеќе од 15км.
Од друга страна, Саранда е гунгула 24/7. Не би можел да издржам таму 10 дена. Повеќе замара, него што одмара...
Така да, твојот муабет, за мене е дезинформација. Башка, сам кажа, ти не си бил, биле твои пријатели. Јас бев, видов, искусив...
И по сликата што си ја ставил, можам да видам дека не си бил баш во Саранда... Туку во некоја од околните населби? Меѓу Ксамил и Саранда?
И уште една работа... Секој си го замислува својот одмор различно. Секој си има свој вкус. Глупо е врз основа на нечие туѓо мислење да се носи генерален заклучок.