Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1874017 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2550 на: 05 Април 2014, 20:30:42 pm »
 Освен бусот,ај да речеме ќе издржам (по она накај Несебар кога идев) имам искуство,какво е местото,градчето?
Нешо ми спомнаа се паѓало некој муслимански празник,незнам кој месец бил,коа влагале со се алишта у вода  :o па да не се погодам у тој моменат....гледав на нет нешо слики,ама друго е искуство кога ќе се пренесе.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2551 на: 05 Април 2014, 20:31:07 pm »
Кушадаси,искуства,цени,плажи и се остало да кажете да видам дали и таму се тера одмор? :)
Понудата е патување со автобус,колку се патува?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2552 на: 05 Април 2014, 20:32:37 pm »
Оди лечи се бе :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2553 на: 05 Април 2014, 20:37:12 pm »
Нема врска празници со бањањето со алишта, стандардно се бањаат со алишта :) ако ти е за промена отиди види, само не се сместувај во градот, смести се на лејдис бич. Има добар аква парк, памук кале обавезно да го посетиш и гробот на дева марија и обавезно целодневната тура со бродот како знаменитости. Во глобала ке најдрш комплет аранжман со превоз и хотел со 3 оброци за некои 200 евра што за парите и не е толку лошо. Пишав ништо посебно споредбено со другите туристички места во турција.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2554 на: 05 Април 2014, 20:40:38 pm »
Јас втора половина на Август ќе одам на Nordschleife - рестото незнам
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5859
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2555 на: 05 Април 2014, 20:46:17 pm »
Зоки, богами, чим си издржал до Несебар, терај! Или гледај најди некој ефтин лет :D

Ја летово никаде нема да одам изгледа, може само на 2-3 дена да се отиде некаде, имам 1000 км бесплатно за користење.

Пролетва ќе се издувам за сите пари во:

Австрија
Унгарија
Словачка
Чешка
Германија
Холандија
Франција
Монако
Монте Карло
Шпанија
Италија
Словенија
Хрватска
Србија

 ;D

И на средина на мај во Будва  ;D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2556 на: 05 Април 2014, 20:47:37 pm »
Брат несебар е пола пат до кушадаси :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5859
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2557 на: 05 Април 2014, 20:48:39 pm »
Добро, ама некако мачно е, јас сум мераклија за патување ама кога одев лани за сончев брег сакав да се симнам, едвај издржав  :)
« Последно менување: 05 Април 2014, 20:59:08 pm Allexxander »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: Re: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2558 на: 05 Април 2014, 20:50:22 pm »
Прав е класниот, дефинитивно немој со бус. Многу пат, не се исплати.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2559 на: 05 Април 2014, 20:53:08 pm »
и до Шпанија чичо седел со свиткани нозе......не е битно,ете achtung се искажа,добри информации ми даде,иначе да,хотелот е на Ladys beach.Колку е одалечено местото од центарот?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2560 на: 05 Април 2014, 20:59:11 pm »
Нека не те лажат 10 минути пешки :) мислам дека е 5 километри, ама не ти е проблем имаш бувчиња на секои 5-10 минути до одреден период. Инаку и лејдис бич е големо шеталиште немаш гајле се има.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2561 на: 05 Април 2014, 21:13:31 pm »
Еве поточно,хотел Албора,Sunny Hill или Minay Junior ми се како опција.
EDIT: Minay Junior е најблиску до Ladys beach.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2562 на: 05 Април 2014, 22:27:29 pm »
Јас бев во минаи ама не беше џуниор,  супер беше храната и услугата плус базенот. Каде и да одиш гледај базен да има!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2563 на: 06 Април 2014, 00:21:06 am »
achtung,фала за информациите,деновиве ќе одам и до агенција да разгледам подетално.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2564 на: 06 Април 2014, 00:28:50 am »
Мој совет е да одиш во хотел само со поручек. Јас лани бев и арно шо не појдов и со вечера оти давале најчесто јагнешко и то специјалитетите што му се со лој, а мене ми се гнасни па си јадев в ресторани, не е воопшто скапо.