Дечки, треба патничко осигурување за идење еден ден до Грчка со кола?
Патничко осигурување, колку што знам, не е задолжително за никаде. До тебе е дали ќе си земеш или ќе ризикуваш болнички и амбулантски трошоци во случај на не-дај-боже. Нема да умреш на улица у никој случај, али може да ти се олабаи сметката у банка значително.
Зелен картон е задолжителен пошто кола не е живот и теоретски можеш да ја учукаш у странство и туку-така да ја оставиш, па после странската држава треба да троши ресурси да го раскрева нередот. Но не може ти или дететето да ти се разболи (пу пу скраја да е!) и ти туку-така да го оставиш некаде. Детето ќе биде згрижено, разликата е само дали ќе плаќаш ти од џеб или ќе плаќа осигурањето. Твој избор.