Не го лажи детето! Треба да поминеш преку мостот (многу е убав), идење-враќање ако идеш преку Лариса, а мислам дека е некои 50тина евра. Патот е океј, и ферито мора да го платиш! Така сум бил до Закинтос ама многу одамна. Е СЕГА. Има и пат преку јанина, па арта па надоле. Јас тој го возев лани а и оваа година и патот спие. И после возиш по магистрален пат побајаги за да стигнеш. Како и да е најлошиот пат во Грција, е 482 пати подобар од најдобриот во Македонија, така да.
Јас ако идам за Закинтос би идел преку Јанина. Уствари јас до Арта идам ти имаш уште 300 км надоле, што сакал неќел ќе ги возиш.
П.С. Само што проверив мостот е 12.20 евра. Џабе ќе ти се фати!