За местото да. Зависи кој што бара. Ако бараш место за ноќна забава, многу џинџири-минџарници и слично, тогаш Сарти и половината од вториот крак со поглед према третиот дефинитивно не е место за одмор за тебе.
Јас барам убаво море и убави плажи и мирна и тивка ноќ за спиење.
Се беше ама мирна и тивка ноќ не беше.
Бевме сместени на прв кат во центарот на стариод дел.
Скроз во гужвата. Од кај нас почнуваше таа „пешачката улица“.
Секоја вечер беше проследена со викање, со пиштење и со музика.
Не многу, ама доволно за да не спиеме на раат.
Башка после 7-8 беше пекол во собата, па спиевме со клима до 5-6 сабаље. После ја гасневме.
Многу беше јако што газдата ги имаше залепено копчињата од далечинското на климата, со креп трака.
Можеше да се командова само температура и он-оф.

И најако беше во 6-7 сабаље.
Ѓубрето.
Секое сабаље собираа ѓубре од куќите. Толку гласно собирање на ѓубре јас во животот немам слушнато.
Едно сабаље станав да видам, со што го собираат што е толку гласно.
Нормален камион беше, ама незнам зошто толку гласно беше цела таа работа.
Градчето нема душа, празно е.
Има ок плажа, ок море и ништо повеќе.
Во близина има подобри плажи.