Македонските туристи кои се најбројните во Грција
Зошто вака воопштени коментари, далеку сме од најбројни, можеби највеќе одиме таму во поглед на останати дестинации, ама дека сме најбројни ајде глупости. За Халкидики само односот со србите е барем 5 спрема 1
и се главен мотор на грчката економија
Ајде уште една глупост....
Табличките на "реното" каде што е напишана македонската кратенка и знамето е прекриен со син спреј за графити, а потоа од страна на браникот со големи букви е испишана кратенката на нашиот јужен сосед-ГР.
Национализам и будали има секаде, дури има и во наш Охрид. Господ им дал на грциве еден тон плажи, а нас Македонците ни е е релано најблиско море со песочна плажа ( она камењарон на Јадран да не го мерам, таму плажи малтене нема, а таму каде што има, пешкир до пешкир ). Грција останува најпрактично и ефтино решение особено за оние со мали деци.
- Шест дена сме тука и досега одлично се забавувавме, но утринава кога го видовме автомобилот ни преседна. Иако сакавме да пријавиме во полиција, по сугестија на нашите соседи од Србија дека можеби во ова и полицијата е замешана, се исплашивме и не го сторивме тоа. Имаме уплатено до среда, но не сум сигурна дека ќе останеме, вели читателката на весникот.
И што сеа? Ке си го скрати сестрата одморот ? И лани беа шкртани, и од Сарти им ги средија колите. Ваква глупост на некоја будала не би дозволил да ми го скрати одморот.
Ова не е прв пат возила на македонски туристи да бидат на мета на грчки националисти. Ниту една сезона не минува без пријава на македонскиот граничен премин за вандализирани и искршени возила или украдени таблички, а ги проголтавме дури и лепенките ФИРОМ кои ги добивавме на граничниот премин од грчките цариници.
Не е ни последен. Тоа е еден од условите ако сакаш да поминеш практично и ефтино. Изолирбан на таблицата и раат си. Ако не, заобиколи ја грчка, и вози со саати до Јадран или Албанија, или до тоа баруштината у Бугарија.