За сите што се Грција или планираат да одат, а ке се враќаат преку Солун на Ринг Роад, да внимааваат на знакот за излезот на Евзони !!! Обраснат е во зокуми, мајката да им ја ..., и се открива од лисјата кога ке стигнете на 30-40м од него.
Јас се заебав кога се враќавме пред две недели, па морав да возам уште 3-4km до наредната клучка, да се вратам назад кон Солун, па да се исклучам км
скопia. (напишани со најситен можен фонт).
Радари немаше, полициска контрола исто не начекав - мошеби и не видов - од ЗОКУМИИИИИ
И самите грци возат по знаци, па не претерувајте многу над дозволеното, за да не штрчите од остатокот, или начекајте брз „чистач„ и шлепајте се позади.
Последната недела од мај од Солун до граница имаше 4 радарски контроли, од кои последните две беа на 5 и 10km пред граница. Имаа застанато две наши и две српски коли, јадеа казни 100%, хорофилакис им пишуваше катиљ ферман.
Ако одите Солун за Икеа, Космос, Оутлети - моја препорака е ако го познавате Солун да излегувате низ град наместо по Ринг роад, побрзо е, а и ке го избегнете излезот со е....те ЗОКУМИИИ !!! Во Икеа јадете ќофтенца, избегнувајте од пилешкото и не земајте од белите туку од црните лепчиња за ручек.
Во Икеа и Космос се оди исклучиво по автопатот кој води кон краците. Има знаци за Космос каде ќе се исклучите. Икеа е на 2km од Космос и се вози по мали, споредни патчиња. Аутлетот е малку повнатре, т.е. треба малку да се вратите назад во насока кон центарот на Солун. Пред да дојдете до Аутлетот на една широка раскрсница (мислам дека е 4-та раскрсница после Икеа) се врти десно за да се дојде до Џамбо (далеку пооснабдено и поголемо од нашето). Аутлетот е една-две раскрсници потоа. Карши Аутлетот има PC RAMA, а до него е и Plaisio, за оние кои ги интересира хардвер и електроника.
Што и да купувате над 100-тина евра барајте Tax Refund од продавницата. На грчка царина еден печат на документот и парите си ги земате од Free Shop-ot на каса во кеш. Е сега не е цел износ од 23% ( на пример: на 121 еур од Columbia 14 eur поврат на ДДВ, доаѓа некаде околу 11.5%), остатокот е провизија, но „боље ишта, него ништа“, плус секое евро што ке го земете е и евро помалку за нив 
Тоа со 100 евра, т.е. 119 евра важи за Икеа. Икеа враќа дел од ДДВ ако им направиш над 100 евра чист промет. Ова не важи за сите продавници. Не секоја продавница враќа ДДВ и не на начин како Икеа. Има и продавници кои го враќаат ДДВ-то во целост, на пример Плаисо го враќа цело ДДВ, но за да си ги земете парите мора цариниците да ви стават печат на граница, дека сте ги извадиле деловите од Грција, па нареден пат со пасошот и листот ќе појдете во продавница каде ќе ви го вратат ДДВ-то во целост.