Саше Лефкада е благодет. Од многу причини, многу од нив лични и субјективни. Не ми се ни навлаго колку е перфектно. Ама ај на кратко.
Прво, нема траект. Има топ пат. Многу е ефтин смештајот, и се друго е ефтино. Јас најмалку пари за одмор имам дадено на Лефкада. Иако важи за остров/полуостров.
Пробај молимте истиот филм да го истераш (иако полошо ќе си поминеш, пошто Лефкада е врв) на Скијатос. Ништо посебно остров. Молимте запази колку е САМО траект за двајца и 1 кола. 250 еур. Фала пријатно. Смештај 250 минимум... И така се калеше челикот.
А многу народ иде и со бус за 150еур, и 150 за таму... 350 се на се за цел одмор. Може и така. Ама не би јас така.
Не гледам причина зошто некој не би сакал да оди на одмор без негова кола, ако транспортните трошоци се високи.
Бидејќи летово бев на Скиатос, 100 евра цела тура, автобусот возеше некои 6-7 саати, траект 2.5 часа.
Си рентав скутер за 40 евра за 6 дена, Кимко Агилити 125 цц, 2 дена бев со тури на брод, и еден ден кола за 20 евра. Значи за превоз сум/сме платил/е 60 евра. Да те потсетам,
- не му ја мислам ако удрам некоја дупка
- не му ја мислам ако некој пијан ми ја изгребе, оштети ...
- не му ја мислам ако ми се дупне гума, да барам вулканизер,
- не му ја мислам ако некој ме удри
- не му ја мислам кога ја возам по тоа патиштата неасфалтирани
- итн.
не гледам зошто ова, по некогаш кога се прави cost-benefit анализа дали со свој превоз или на агенцијата, да се исклучи од алтернативите.
БТЊ островот е ТОП