Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1719549 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1095 на: 03 Август 2012, 02:51:07 am »
Би сакал и тој од 50К да го пробам... ма да... што знам ...

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1096 на: 03 Август 2012, 04:51:50 am »
Ке си ги одработи Станија, или веќе ги одработила :P

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1097 на: 03 Август 2012, 08:39:59 am »
Azurna obala e vo Francija, onde. Evra se. Nema vrska so Stanija. :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1098 на: 03 Август 2012, 11:32:23 am »
Се пуваат гледам на фб со таа Станија, искрено немам појма која е, а и сигурно целата не вреди ни 1/10 од бројкиве од сметкава (ниту пак има било каква врска со сметкава). Си ја нашла сметкава на нет, па изгледа сакала да им покаже на фановите колку не е лесна и ефтина, ама мене ова дигање ме асоцира на ефтина "девојка". :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1099 на: 03 Август 2012, 11:45:51 am »
107.000 евра и реакцијата на Deni бетер од ова ќе биди

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1100 на: 03 Август 2012, 12:25:56 pm »
Ќе скрпам некако 50еур, ќе фатам маса кај Ники и цел ден ќе лигавам една Кока-Кола. И сончоглед од џеб ќе им извадам да трошам по пепељара. И ќе и пуштам еден Евиан на таа што пие од Перињонот од 50К, да не се загрцне ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1101 на: 03 Август 2012, 12:36:44 pm »
Леле на едно плажиче, многу фино нема везе. Не се наплаќа лежалка само треба да се напиеш нешто. А стварите џабе! (во Грчка) 0.50еур пола литро вода, 2.5 сладолед, 2.5 нескафе, 2.5 сок, 2.5 сендвич. Значи ете да не си сељак со две води, ќе земеш едно кафе и вода си оди со него и една вода, тоа ти се 3 евра, за две лежалки и чадор. Фино.


Е сега.


Македонци немаше.


Стигаат багра стока од МК. Седнуваат 5 души на 3 лежалки и чадор, и крадат уште една лежалка од комшиите. Се бањаат и остало... Галама - само они се слушаат на плажата - музиче во позадината. Бранови немаше. Доаѓа келнерка, и демек што ќе се напијат... Стоката викаат пола литро вода. 0.50 еур. Платија.

Иде од кола еден носи кеси со наши пива, едно 10 флаши. Вадат тоа жеништата сендвичи од ташните, едно 10 сендвича. Па две води од литро ипол извадија. Јадат бутаат, гозби на плажава. Па праски извадија, цедат капат по лежалките, све да се улепи.

- Ги гледа келнерката и се чуди.

Си го преседоа денот на врв плажа со 4 лежалки и чадор дрвен и масичка дрвена, за 0.5 евра. Не можеа да поверуваат луѓето во околината, ни келнерката - дека може да постојат онолкави сељачишта.

Втор пат на таа плажа се беше во најдобар ред, и немаше ни една стока. Милина.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1102 на: 03 Август 2012, 12:38:52 pm »
Стока

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1103 на: 03 Август 2012, 12:43:51 pm »
Пред 3-4 години на Градиште, земаа столици и маси (онакви пластични) од кафичот и ги плеснаа во езеро! И така си седеа долго време, играа карти, јаките пи*ки. Абе поголема стока од овој народ ретко дека ќе се најде, и тие кај што беше Бугар на експедиција сигурно се поцивилизирани.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1104 на: 03 Август 2012, 12:46:48 pm »
На Дени му дошле, ти момче од Македонија си, а овој уцрвен од срам, НАЈНЕ, их бин швабензи Фелер Вагензи ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1105 на: 03 Август 2012, 12:48:43 pm »
Мислам, треба ли да се повторуваме:

Како се однесува македонец на плажа:

1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа - 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

3. Ќе си понесеш лап топ, ајпод, блекбери, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.

4. Ако немаш сунцобран, намести се така што сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ццкаш и да префрлаш индиректно.

5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонцено цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

9. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Србија која лежи  5 лежалки подалку од твојата.

11. Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

12. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол -инклузив!

13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

15. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе.

16. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија- кој вика дека не идат риба и баклава?

17. Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Вутон ташна на плажа.

18. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1106 на: 03 Август 2012, 15:25:22 pm »
@marjanot

RESPEKAD....SO D golemo na kraj umesto T :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1107 на: 03 Август 2012, 16:21:38 pm »
@marjanot
Колку е само точно сево ова..

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1465
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1108 на: 03 Август 2012, 19:05:46 pm »
Сакаш да кажеш дека се најде у неколку работи ? :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1109 на: 03 Август 2012, 19:26:36 pm »
Не, ама има бајѓи кои сето ова го практикуваат...
Башка, извајле пиперки, печат на скара, скарата се расчадела, мириса корне во радиус од 1км...
« Последно менување: 04 Август 2012, 14:27:48 pm .::Suzuki::. »