Ај на пиво-миво да разглобиме.

Со члинк заедно.

Грубо иде вака. Значи тргаш за Солун, пуниш бензин пред граница дур не почне да капе. Стигаш до солун и пуниш беннзин пак дур не почне да капе. И после по егнатиа одос, идеш само право (НЕМА БЕНЗИНСКИ, или чат пат) ама нов е патот и треба резервоарот да е до даска пун пред да тргнеш по него. Се стига прописно преку милион тунели и остали ствари. Кога ќе влезеш во Лефкас, идеш на раскрсницата лево - па до крај па десно и искачаш накај Нидри. Ова се го има навигација. Или испечати го.
Се сместуваш и идеш на локалната плажа за тој ден.
Јадеш гиро кај Сотирис - едно свинско - едно пилешко и грчка салата. Чисто да знаеш што како е за понатака.
Следен ден идеш на Егремни плажа и си носиш вода и чадорче (ако со со женско). Си го собираш јазикот полека и одиш по скалите. Пиеш вода за да не паднеш во несвест.
Следен ден одиш на Катизма и се сунчаш доле, и после се качуваш во Копла на пиење и закон музика преку ден. Тушеви базени - се. И секако плажата...
Следен ден одиш на Порто Кацики, ПАЖЉИВО да не се запрепастиш. Исто си носиш вода и чадорче ако сакаш. Има горе мини бутка со по некој сендвич, ама ко да нема.
Следен ден одиш на Василики и ја гледаш плажата, ако ти се свиѓа -седи. Тоа е. Ако не, пали колата и оди на пристаништето во Василики. Од таму со бродче се оди до плажа Агиофили. Задњо бродче трга во 14, задњо бродче се враќа во 18ч. Ако ги утнеш - остана... Да се собере целото ѓубре од Агиофили пред одење, зошто ќе те најдат.
Следен ден идеш од пристаниште во Нидри на тура до Итака и Кефалонија. Фаќаш место на бродот напред да гледаш каде вози, уствари пред капетанот да седнеш. Не го знаат тоа место и празно е. Има за 5 души. Фактор 8 да не се заборави. Се симињаш, јадеш, пиеш, се бањаш, фотки... помина и тој ден.
Имаш уште плажи, Агиос Јоанис, Агиос Никитас... Ама тоа по желба, зависи колку дена ќе седиш.
И рипит на оноа што највеќе те бендисало.
За Грција важи правилото дека они одат на одмор од 1ви август. Значи гужвата е доста поголема од 1ви натака.
За враќање, да не заборавиш пунење резервоарот до капење пред да тргнеш по автопатите.
