Мој предлог за Париз е да изнајмиш стан преку
www.lodgis.fr. Има и други сајтови за рентање станови, но овој е проверен (не дека нема и други добри). На сајтот имаш секакви станови со секакви цени, зависно од арондисманот. Маана е што сајтот само посредува за станот, тоа значи дека ако имаш евентуално проблем (тече вода, не работи интернет и слично), го решаваш директно со газдата.
Описите на становите се ептен детални, повеќето станови се добро опремени, мислам на кујна (со зачини и други мастрафи, ова го кажувам за да не м`кнеш такви работи од дома), машина за перење/сушење, интернет, кабловска, фиксен телефон (зависно на кој оператор се, имаш и бесплатни повици кон фиксни броеви во МК) итн. така да види, да не го тупам. Покрај цената што е истакната, ќе треба да уплатиш и осигурување за станот. Јас за 65м2 стан каде можат да спијат 4. возрасни плаќав 100 евра од ден (во просек, со вклучена агенциска провизија), а осигурувањето беше 30-40 евра.
Одлично искуство, пак би рентал стан, многу поефтино и покомотно него ли хотел, плус многу повеќе ќе го доживееш Париз и секојдневниот живот во зграда со комшии, отколку во хотел со ојлевци-дојлевци од каде не...
За паркинг најди и резервирај паркинг од тука, за недела дена се наоѓа паркинг за ~100 евра...