Лани не бевме на Кипар, откажав се, на една недела пред одење. Сите сместувања, rent-a-car, паркинот на солунскиот аеродром - сите излегоа фер и откажаа резервации, атие што имаат повлечено средства - ми ги вратија, освен секако RyanAir бидејќи немаат refund.
Се дијагностицира здравствен проблем од страна на фамилијата кај девојката и немаше смисла, ниту поента да се патува било каде во тој хаос.
Годинава - се мислев дали да се вратам пак во Мармарас (по петти пат во три години). Дури и резервирав седум ноќевања во истото сместување каде што одиме.
Но, сепак мислам дека Ситонија ќе ја оставам за некој продолжен викенд.
Резервирав Кефалонија, два термина преку Booking (и двата се со бесплатно откажување и не бараа картичка при резервација) бидејќи сеуште трае периодичното лекување што го спомнав погоре и не се знае кога ќе може да се оди на одмор.
Едниот е крај на јуни и почеток на јули, другиот е крај на август и почеток на септември.
Првиот е 400 евра за 8 ноќевања, а вториот е 510 евра за 8 ноќевања и е малку подобар.
На Кефалонија последно бев 2017-ма и си поминав предобро. Мешавина од сите три Јонски острови (Крф, Лефкада, Закинтос).
Некој ако го интересира - траектот што оди од Лефкада (Василики) до Кефалонија (Фискардо) е 40 евра за кола (по правец) и 10 евра од човек (по правец).
westferry.gr@head - Пиши нешто, се сеќавам дека ти беше пред 2-3 години.