Друштво, ми треба една сервисна информација. Од 25 август до 1 септември, здравје, сме на одмор во Неи Пори. Ни излезе неодложна работа за на 28 август, за која е потребно видео врска за онлајн состанок кој би траел околу 2 часа. За тоа да се реализира ни треба добар нет, тивко и изолирано „ќоше“ во некое интернет кафе или утостителски објект со таква можност.
По тоа што гуглав во Неи Пори, не ми влева сигурност дека такво нешто ќе најдам.
Една опција е да изубиме еден ден и да се вратиме дома во Скопје, да го завршиме тоа и да се вратиме назад.
Друга опција да побараме нешто такво во Гевгелија
@Diesel , да завршиме работа и а се вратиме на одмор, да не шпартаме до Скопје.
Размислував и Солун како опција, ама додека трае состанокот, треба да ги расправаме и децата, од кои едно нема ни 2 години, сакам да кажам, не знам дали е изводливо со мали деца да се акам по молови и слично.
Има време до тој ден, треба овие денови да ни прецизираат точно време, во колку час би било тој состанок на 28 август, па сакам да ја одбереме најдобрата опција. Да не е битен толку состанокот не би се замарал толку и би побарал нешто локал во Неи Пори, ама мора без грешка да биде работата, затоа сакам убаво да се разгледаат сите опции.
Отворен за предлози и ваши размислувања