Клабери, викендашка препорака. Првично сакав да одам до Афитос/Калитеа, ама бидејќи можевме само едно ноќевање и да скратам на возење, решив да дадам шанса некаде каде никогаш не сум бил.
Хотелче Алмира во Агиа Триада.
https://g.page/HotelAlmira?sharehttp://www.booking.com/Share-su6glr/50 евра од ноќевање за двајца (not great, not terrible). Барајте СТРИКТНО ако е слободна соба 201, мене така ми се погоди. Дома немам такво пространо и уредено купатило, додека собата внатре би и дал оценка 4/5. Лежалките пред хотелот се бесплатни за гостите, само треба да се нарача било што (кафе, вода, сок и тн).
Плажата е ОК, со ситен песок/муљ на 2m од брегот.
Бидејќи местово е веднаш под аеродромот во Солун (после Переа), за викенд се строго Грци и многу ретко Срби (не чув „Miloshe, izadji napolje smesta").
Имате Лидл на 5 мин возење, имате бензински на магистралата, одма е до поурбаната/поживата Переа. Јас сум запрепастен колку е мирно, културно и тивко (дење и ноќе). Можам да се замислам некогаш таму да истерам и цел одмор, иако сум многу поактивен на летен одмор.

Поглед од плажата кон хотелчето, терасата на соба 201 е кај што е закачен компресорот на климата.

Искористив прилика да се спуштам и до Nea Irakleia, веднаш пред Nea Kallikrateia.
Местово е попознато и по Sahara Resort-от. Каде се НЕНОРМАЛНИ и бараат 30 евра (со консумација) за пар лежалки.
Би дал препорака за други два beach bar-чиња, над и под Sahara (Cavo Nissos и Leomar Beach Bar).
Јас бев во вториот.
https://g.page/LeomarSeasideBar?shareМногу, МНОГУ урбано локалче, со фин, брз и услужлив персонал. Музиката беше перфектна (од Iggy Pop - Passenger до хаус хитчиња), на перфектно наместена гласност.
Ретко кога оставам бакшиш (од не-навика), овде оставив 2 евра на потрошени 10 евра. Не дека се фалам колку сум и трошел или не сум трошел, чисто дека бев импресиониран од амбиентот, атмосферата и впечатокот што ми го остави.
Не се плаќаат лежалките, ама затоа фрапето е малку посолено (5 евра со вклучено шишенце вода од 330ml).
Имаат и многу убаво средено ресторанче пред лежалките. Гостите повторно беа 80% Грци, веднаш се познава кога нема толку Срби, да бидеме реални.
И овде би се враќал повеќе дена, подобра плажа како плажа е генерално (вода, песок, урбаност) отколку онаа погоре во Агиа Триада.