Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1333450 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7290 на: 24 Јануари 2022, 09:33:42 am »
Разгледувам по нет места за да резервирам за одмор па не би било лошо да видам шо би предложиле од некој шо поминал убаво или се заебал.
Одмор со 8г дете,пожелно би било:

-Хотел на плажа или шо поблиску до плажа,да неморам да одам со кола заради тоа што наутро ми треба 2-3 саати да проработам па во овој случај не би морал да ги носам никаде ќе можат сами да одат на плажа.
-Водата плитка,песочна плажа.
-Предност имаат места со понормални луѓе,не забави за млади да ми пукаат од сабајле,а не ни па да биди ептен пензионерско,нешто на средина. ;D

-Може да биде и настрана од населено место,пошо поручек или навечер нема да ми биди проблем да запалам кола и да прошетам на различни локации,знаменитости и сл...
Предност имаат Хрватска,Црна Гора,Грција скоро и да не ја рачунам,ама моме да влези како опција ради притисок од понежна половина (шо би попуштил,за после тоа јас да вршам притисок да се подновам со ТБ 300кс+  ;D)
Турција ја размислував ама во тој случај треба да одам авионски и најверојатно ако испадни таа опција нема да поминам МК да се видам со малкуте кои останаа шо сакаат да ме видат. :P


Остај од ѓерманските евра тука нешто, не се педерчи...

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7291 на: 24 Јануари 2022, 09:55:52 am »
Дечки, сакам да прашам тука зошто од Букинг и Ербиенби не знам подалеку.

Би сакал да изнајмам објект, стан, бунгалов, куќарка, било што со поглед на море или до плажа во Грција на втор или трет крак, или пак било каде во грчко приморје.

Сакам тоа да биде во мај, 20-25-30 вечери да се исклучам од животот и сегашноста и да работам од таму.

Тоа што го видов на сајтовите, не дека ми е надвор од буџет, ама ментална граница ми беше околу 350-450 евра за 20-25 вечери, а најефтиното што го наоѓам е 650-850.

Ако имате предлози или приватни контакти од сопственици на сместување од погорниот опис, може и тука, може и во ПП.

Не барам нешто многу од услови, и не барам атрактивна и размрдана локација, барам само место кај што ќе можам да осетам малце мир, да наполнам батерии и да пуштам мозок на пасење. И да има нешто продавници ресторанче да можам да се прехранам.
Пиши на фејсбук на групата На одмор во Грција

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7292 на: 24 Јануари 2022, 11:25:34 am »
Василики во Лефкада ти е со баш плитка плажа, ама буквално плитка,  може да се изнашеташ дур да задлабочи. Не е ништо посебно оти си Лефкада, ама па затоа ако ти се шета имаш све живо од светски плажишта, Василики е најдолу од остров
вот од лева страна ти се сите атрактовни плажи ако ти се шета, исто тука блиску има една "недостижна" имаш бродчиња те носат те земаат ако не сакаш да се замараш со возење по други плажи. Ресторани има супер покрај море, да полупензионерско е, еден ресторан  со жива музика има така горе на ридот над село со топ домашна рицина, се имам мн пати оштетено колата наместена за правецот назад точно една кривина имав до дома, ги вежбаше бившата возачките способности :D има забава чат пат по некој од хотелите младешка оти заради водата плитка и некое ветерче шo држи има многу школи за тоа сурфање  на ветер. Мене ми е топ место, локалците се супер, еве  некој моите кај шо одеа приватен смештај заживеаа старите скоро секоја зима идеа накај Битола.
Ако си септември  ќе ти бувнам една кафана :) Како пензионер локалец се осеќам таму, кај тие пријателите на мајка ми имаат продавница за ќерамика си дремам со газдата стегаме рицина и ако фатам нешто од риба мезиме на едно масиче  со лаф муабет 10%грчки ,/20% англиски се разбираме на шо и зошто :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7294 на: 24 Јануари 2022, 11:56:13 am »
Цитат
Остај од ѓерманските евра тука нешто, не се педерчи...
@Diesel  Да бе па после да читаме,ебаве гастербајтери идите тука се расфрлате,беснеете,забите ги поправате и сл. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1773
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7295 на: 24 Јануари 2022, 12:17:51 pm »
Цитат
Остај од ѓерманските евра тука нешто, не се педерчи...
@Diesel  Да бе па после да читаме,ебаве гастербајтери идите тука се расфрлате,беснеете,забите ги поправате и сл. ;D

Комшииве кај мене двострано помагаат на економијата, од една страна прават заби оставаат пари во МК, од друга рентаат коли на запад за да се покажат тука, што значи оставаат пари и таму ;D

Сите се у ќар

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7296 на: 24 Јануари 2022, 12:51:53 pm »
Мене комшија салата ме направи за Хрватска и Црна гора. Ми вика, кај ти е подалеку, камени плажи, ни песок ни ништо, па ладна вода, ти директор се правиш во Хрватска сакаш...
Секој со своето мислење, ама мене Хрватска ми е преубава.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7297 на: 24 Јануари 2022, 13:12:02 pm »
Цитат
Остај од ѓерманските евра тука нешто, не се педерчи...
@Diesel  Да бе па после да читаме,ебаве гастербајтери идите тука се расфрлате,беснеете,забите ги поправате и сл. ;D

Е па како да не викаме, кога секако нема да ги оставиш тука? Тука - сервис, заболекар, и ајт... Курчот, големата пара, Грција, Хрватска, Црна Гора.

Е па, ќе лаеме.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7298 на: 24 Јануари 2022, 13:20:17 pm »
Море си е море. Не за џабе толку се тепале и се тепаат за тоа море.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7299 на: 24 Јануари 2022, 16:53:29 pm »
@MecheTo posle lanskiot dochek vo Grcija, ne bi mu ja preporachal na nikogo. Od sekogash bile mrzlivi i gore dole sum OK so toa, no da ti idam vo restorancheto 5 godini po red, decata da ni porasnat zaedno igrajki na plaza, da te smetam za prijatel i namerno da zapram na kafe samo za da te pozdravam, a ti da mi rechis aaa ako piesh kafe pij na brzina i odi oti vikend e ke mi dojdat gosti (a pola i poveke kafana ti e prazna) izvini ama veke ne zasluzuvash da ti dojdam.

Vtor primer vo hotelot kaj sto plakjav 1300 evra (shto i ne e bash neshto eftino za hotel so 3 dzvezdi i vklucuva polu pansion) da me provocirash na politichka baza nemam potreba da idam i da te ranam. Inache samiot hotel i smestuvanjeto (sobi so dvor na hotelot) se edni od podobrite mesta vo koi shto sum bil do sega 

https://www.google.com/maps/place/PORFI+BEACH+HOTEL/@40.2272222,23.6327778,15z/data=!4m18!1m9!3m8!1s0x0:0xfb64e7cfdd6c7a99!2sPORFI+BEACH+HOTEL!5m2!4m1!1i2!8m2!3d40.2272273!4d23.6326546!3m7!1s0x0:0xfb64e7cfdd6c7a99!5m2!4m1!1i2!8m2!3d40.2272273!4d23.6326546

Od druga strana SEKOJA PREPORAKA za Taverna Tzitzikas vo Porto Koufo na vtor krak. Mestoto Porto koufo e EPTEN MALO, ne znam dali ke te bendisa, ako ne mozes da otsednes vo Toroni pa da se prosetas ednas na rucek do kafanava oti e fantasticna vo spremanje na riba i ostanati morski "chuda"

Isto mnogu ubavo sum si pominuval vo Phioxenia Bungalows vo Psakoudia (dodeka bea hotel so 3 dzvezdi i imaa normalni ceni). Ako parite ne ti se problem togash ti go preporachuvam vrz baza na 5 godishno iskustvo, sekogash chisto, sekogash mirno i ne mnogu daleku do plaza (400m). Sega se hotel so 4 dzvezdi i nenormalno visoki ceni a se prekrstija vo Philoxenia Hotel.

https://www.google.com/maps/place/Philoxenia+Hotel/@40.260887,23.4908933,17z/data=!4m18!1m9!3m8!1s0x14a88f42095cd9f9:0x92779fab5df4c298!2sPhiloxenia+Hotel!5m2!4m1!1i2!8m2!3d40.261018!4d23.4930874!3m7!1s0x14a88f42095cd9f9:0x92779fab5df4c298!5m2!4m1!1i2!8m2!3d40.261018!4d23.4930874


Iako so "nashive brakja" so orlite bash i ne se mirisame, sepak lani koga bev vo pred-sezona vo Ksamil pominav prekrasno. Ne samo shto beshe eftino (bar za toa e poznata Albanija) tuku bea bash kako shto treba usluzlivi. Ne sakam nikoj da mi se ulizuva da ne se razbereme pogreshno, no koga ke dojdam sakam da me dochekash kako shto e red, da me pozdravish koga ke ti kazam dobar den i da mi kazish shto ke narachate (neshto shto vo Grcija ne go dobiv) Mozebi vo sezona i tamu ke se namkjori posle cel den visenje na noga i usluzuvanje sekoj eden no dochekot vo Grcija i vo Albanija beshe razlika nebo i zemja.

Godinava sme vo plan vo Avgust da im pojdeme na ksamilci pa da vidime dali ke go zadrzat istoto nivo na gostoprimlivost od lanskata pred-sezona

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7300 на: 24 Јануари 2022, 17:09:13 pm »
Фала за досегашните предлози,ги разгледувам,а разгледувам и нешто друго од страна.
Ќе видам ќе искомбинирам па ќе видам шо ќе одлучам ќе напишам.
Околу буџетот шо знам не сум размислувал,но секако дека ќе игра улога и тој,кога на пример имам понуда за Турција со 5 ѕвезди,земање/враќање до аеродром,ал инклузив и авионски билети за околу 2500€,тогаш сигурно дека нема да закачам 2500€ само за спиење и доручек и плус да се возам со кола еден ден до тану.
Али како шо кажав,разгледувам па ќе видам шо ќе излези,само деновиве ќе одлучам,да ми се тргни и тоа "гајле" од главата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 725
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7301 на: 24 Јануари 2022, 17:17:05 pm »
@MecheTo arno toa, tuku ne kaza shto ti znachi kratenkana TB 300+   da beshe MB ke pomislev Mercedes Benz, ama TB??

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7302 на: 24 Јануари 2022, 17:21:46 pm »
Турбо бензин, 300 на саат.

Мерцедес, оф корс.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7303 на: 24 Јануари 2022, 17:27:36 pm »
Турбо бензин 300кс +.
Во прв план се Ауди,Бмв и Мерцедес се разбира
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7304 на: 24 Јануари 2022, 17:29:10 pm »
Знам те пушко, кад си пиштољ била.

:P