Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1333841 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7155 на: 09 Август 2021, 22:48:32 pm »
Со дечко и,и јас со 120+кг се чуствував како манекен во споредба со него и не бев најдебел на плажата,над 160кг беше гарант.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7156 на: 10 Август 2021, 00:23:40 am »
Не ми се арчеше батерија и меморија за сликање на предницата,не вредеше и се губеше убавината на задницата,толку ботокси и силикони во лице во живо немав видено до сега,одвратно.

П.С темава е одмор,остајте ја германката прашајте нешто друго :D .

Човече, 90% од Алфите се грди од напред, па пак со сласт ги вози народ. :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен 223-305

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7157 на: 10 Август 2021, 01:59:57 am »
Идам за Хрватска(Макарска) оваа недела, може да ми кажете кој е најдобар пат до таму, со тоа што планирам прво да отидам една вечер Будва или Дубровник, и за колку време се стига до Будва/Дубровник

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 860
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7158 на: 10 Август 2021, 05:59:10 am »
Идам за Хрватска(Макарска) оваа недела, може да ми кажете кој е најдобар пат до таму, со тоа што планирам прво да отидам една вечер Будва или Дубровник, и за колку време се стига до Будва/Дубровник
Viamichelin се ќе ти каже 😀

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7159 на: 10 Август 2021, 09:10:26 am »
Околу германката, јас сум 99% сигурен дека не била германка туку аусландер што шпрехензи доич.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7160 на: 13 Август 2021, 11:09:27 am »
Се вратив вчера од Крф.

Од ,,техничките" податоци за овој форум - поминати 1500km.
Од Штип до Игуменица 477km (преку Радовиш, Струмица, Богданци, ГП Богородица).
На островот извртени цирка 550km.
Просечна потрошувачка на Леонот покажа 4.8L/100km.

За островот и за моите впечатоци ќе пишам малку подетален пост во следниве денови.
Првична оценка 3.5/5. И овие 3.5 ќе беа многу да не беше градот.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7161 на: 13 Август 2021, 11:33:02 am »
@balanar ај добредојде назад :) Машала, доста си го прошетал островот, претпоставувам дека сите места што ги планираше ги прошета, се до Палеокастрица.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7162 на: 13 Август 2021, 11:41:08 am »
Секаде бев, само не се спуштив до Кавос навечер, не би играл Ризико :)

Исто, не отидов на излет до Паксос/Антипаксос, девојката е непливач, а пола време од излетот е усидрување на Вутуми на Антипаксос и бањај се од бродчето. Некако глупо ми беше да ја оставам на жешкото и да и е страв да се спушти во длабокото. На плажа максимум влегува до папок... Веќе трет одмор пробувам да се отпушти, ама некако не бива. Сега кога размислам, на базени низ МКД не одиме. Може на базен (помирна вода) ќе и се прекрши стравот, не знам.

Ќе пишам еден подетален патопис тука, може некому ќе му користи.
Кефалонија по мене е две класи над во смисла на патишта, поврзаност со плажите, како и избор и убавина на плажи. Крф го нема она "јонскиот" wow ефект, но ова го знаев и пред да одам. Секако не отидов неподготвен.
« Последно менување: 13 Август 2021, 11:46:48 am balanar »

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8125
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7163 на: 13 Август 2021, 13:20:45 pm »


Крф го нема она "јонскиот" wow ефект, но ова го знаев и пред да одам. Секако не отидов неподготвен.
Ова инфо ми требаше за Крф, пошто и по сликите така делува.



Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7164 на: 13 Август 2021, 16:02:56 pm »
Така е, многу повеќе личи на Тасос него на јонски остров во смисла на плажите.

Градот е одличен и има што да се види.


Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7165 на: 13 Август 2021, 22:46:15 pm »
Deneska se vrativ od Nei Pori. Pred odenje bev malku skeptik, neli Pireja ... jas sakav na kraci ama ajde. Pozitivno iznenaden.

Plaza ogromna, stotina metri siroka (se koristi samo pola, ne znam zosto) i par kilometri dolga. Cista. Pesok siten, vodava perverzija kolku e topla a i plitka za tie sto se so mali deca izmisleno. Dlabokoto pocnuva poslem 2-30m

Ceni :
lezaljka so pijacka 3.5e (kafe,sok)
giro 3/7 evra
pivo  od 3-5  zavisi kade
pica od 12-14  familijarna
ribi od 8-10e porcija
ice cream 1.5e topka, 3 za dve, i 4e za tri topki
smestaj 65e za pogolem apartman so dve spalni soliden

Znam deka sum se odmoril koga posle 10 dena mi puka Q od dosada, bas odmor.
Inaku pogolemo mestence od sto mislev, vrie narod, srbi i mkd najveke.
Se na se dobar odmor, jas zadovolen.

Gore u planina otidovme u star pantelejmon, napravile nesto kako etno selo, jagneskovo bese prsti da izlize covek.

Edinstena mana e pritisok na voda navecer za banjanje  i nedostatok na topla voda, jebli gi kolektri soncevi.

Da nemav obicaj sekoja godina na drugo mesto da odam, verojatno pak bi otisol tamo.
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7166 на: 14 Август 2021, 00:16:06 am »
Nea pori unazad 6 god. I godinava trebase sega od 25ti ama zenava vreskase zarazeni pozari i se otkazavme
Mestoto e top za odmor. Posle 23 navecer stama da se naspie covek. Plaza odlicna voda super. Ima nekoj period so komarci ama jas do sega nesum gi nacekal.
Za odmor so deca mestoto e izmisleno.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7167 на: 14 Август 2021, 00:29:21 am »
Deneska se vrativ od Nei Pori. Pred odenje bev malku skeptik, neli Pireja ... jas sakav na kraci ama ajde. Pozitivno iznenaden.

Plaza ogromna, stotina metri siroka (se koristi samo pola, ne znam zosto) i par kilometri dolga. Cista. Pesok siten, vodava perverzija kolku e topla a i plitka za tie sto se so mali deca izmisleno. Dlabokoto pocnuva poslem 2-30m

Ceni :
lezaljka so pijacka 3.5e (kafe,sok)
giro 3/7 evra
pivo  od 3-5  zavisi kade
pica od 12-14  familijarna
ribi od 8-10e porcija
ice cream 1.5e topka, 3 za dve, i 4e za tri topki
smestaj 65e za pogolem apartman so dve spalni soliden

Znam deka sum se odmoril koga posle 10 dena mi puka Q od dosada, bas odmor.
Inaku pogolemo mestence od sto mislev, vrie narod, srbi i mkd najveke.
Se na se dobar odmor, jas zadovolen.

Gore u planina otidovme u star pantelejmon, napravile nesto kako etno selo, jagneskovo bese prsti da izlize covek.

Edinstena mana e pritisok na voda navecer za banjanje  i nedostatok na topla voda, jebli gi kolektri soncevi.

Da nemav obicaj sekoja godina na drugo mesto da odam, verojatno pak bi otisol tamo.


Следниот пат таму горе јади јарешко, во кафаната над чешмата.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7168 на: 14 Август 2021, 09:00:34 am »
https://twitter.com/Vito0241/status/1425811211120218112?s=20

Drama :)

Sent from my SM-G965F using Tapatalk


Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7169 на: 15 Август 2021, 19:53:54 pm »
Баш така @Marakana , и јас бев првпат оваа година во Неа Пори, откако ми пропаднаа сите обиди за краците. Јас бев во периодот од 1 до 8 август. За со мали деца е измислено, не сум влегол во потопло море а плажата беше идеална за избегнување гужви во овој период.



Инаку, како што пишав, после бев во Пештани од 10 до 12 август, исто така позитивно изненаден. Голем минус е инфраструктурата, ама од моментот од сместување (сместувањето беше блиску до плажа ама следниот пат би сакал прв ред) е уживање. Избегнат периодот околу 2 август, а навечер немаше воопшто гужва за возење до Охрид. Во Охрид нормално имаше гужва.
Кога си тргнавме бевме до Св Наум и не можев да го препознам местото, не сум бил повеќе од 10 години, ептен има содржини сега. Стигнавме таму околу 9:30 и баш тогаш почнува да се полни, така да кој сака да си фати плажа таму најдобро е тоа време да стигне.
Еве некоја слика од Пештани:








Како и некоја слика од изворот на Дрим во Св. Наум:







Инаку од Скопје до Неа Пори и назад изминати точно 600 км.
После следеше тура од Скопје до Охрид (Пештани) преку Тетово Гостивар, 3 вечери одење до Охрид од Пештани, последниот ден до Св Наум, од таму Демир Капија преку Охрид - Ресен - Битола - Градско (Првпат возев од таму и многу ми се допадна природата од Охрид - Ресен до Битола ,а и патот на оваа релација е измислен во споредба со патот преку Стража. Нормално од Битола до клучката до Е 75 е лош. Истиот ден од Демир Капија стигнав во Куманово, преноќување и утре сабајле одење во Врање на ревакцина, враќање во Скопје (имав работа) и после пак до Куманово. Вечерва стигнав конечно дома во Скопје. Извозена тура (оваа втората) од околу 900 км или вкупно околу 1500 км.
Следниот викенд сум во Струга на свадба (здравје), патот ми омрзна до таму и во дилема сум по кој пат да одам, дали Тетово или Градско.
Претпоставката е мајката на сите заебувања