Auuu zasto prasav upm
Ostajte traumi so avtobusi, za so kola prasav
Далеку е и напорно за во еден здив да извозиш. Возев еднаш и никогаш повеќе.
Имаш убави и ефтини мотелчиња во Чанакале со поглед на Дарданели, преспи си и сабајлето тргни надоле, експресен пат е, катран со остри камења одозгора, и сите возат многу многу брзо.
Дали би одел пак, ДА би одел ама со преспивање, во еден здив патувавме 22 саати до Кушадаси. Патот во азискиот дел е посебно напорен за возење.
22 casa???
Od kade pa ova sega?
1200km e ako ne se lazam.
Одевме преку Бугарија, таму стварно брзо возевме, на Бугарско Турска граница чекавме 3 саати, сезона е и хаос е, границата е огромна ама е ХАОС, и пекол жешко.
Навечер види како е распоред со Фериброд, и од каде би се качил, има некој не возат навечер, ние најдовме некоја линија која возеше во 2 по полноќ па после тоа во 5, стигнавме за во 2 инаку и тука ќе требаше да се чека.
Патот на многу места се правеше, многу е топло затоа не ставаат класичен асвалт, туку едно како катран мачкаат после него камион фрла камења пак катран одозгора и ајт, гумите партал се прават, и иако се вози брзо многу е гужва на моменти и неможеш да возиш многу брзо, експресен пат со две ленти е, не е автопат па знае да те заглави камион или поспора колона која неможеш да ја поминеш како на автопат, цело време забрзај па успори е возењето и си бара внимание.
Дополнително кога не си спиен се е понапнато (за мене си зборам). Треба да застанеш за јадење вц паузи, горивото во Турција е многу скапо, па во Бугарија или Грција пуни све до врв.
Колку за споредба пред некоја година близу Дортмунд, преку Хрватска, Словенија и Австрија стигнав за 20 саати, околу 2.000 км.